Командант на руските сили во Сирија на чело на ГРУ
Вице-адмиралот Игор Костјиков, доскорешен главен командант на руските единици во Сирија, е поставен за нов директор на руската воена разузнавачка агенција ГРУ. Именувањето на нов прв човек на военото разузнавање доаѓа по смрта на досегашниот директор на ГРУ, Игор Коробов. Новопоставениот е означен како привремено решение, но московските медиуми веруваат дека Костјиков ќе остане на новата функција, затоа што на неа се наоѓал уште додека траело лекувањето на сега починатиот директор.
Смената на врвот, иако се случува во вакви услови, нема ништо да измени во и околу ГРУ и поставеноста на оваа руска тајна служба, на внатрешен, а посебно не на надворешен план, освен што уште еднаш го покрена прашањето за нејзиното дејствување во странство, во изминатите неколку години. За оваа шпионска агенција повеќе се зборуваше во време на руската агенција на Крим и за интервенцијата во Источна Украина, со запоседувањето на областите Луганск и Донецк, што се означуваат како „ руски“. Најмногу прашина околу ГРУ , сепак, се подигна откако оваа тајна служба беше поврзана со нападот со нервниот агенс „новичок“ врз поранешниот припадник на ГРУ, сега бегалец во Велика Британија, Сергеј Скрипал и неговата ќерка. За нападот и обидот за убиство, британските безбедносни власти ги обвинија двјца припадници на воената разузнавачка агенција- Александар Мишкин и Анатолиј Чепига и обајцата „уловени“ на низа безбедносни камери во Лондон и во Солзбери, град во југозападна Англија, каде се обидоа да го убијат „ предавникот и отпадникот“ како што Скрипал беше наречен од рускиот претседател Владимир Путин.
Лугето кои учествуваа во нападот, како и начинот на кој беше изведен, со помош на оружје за масовно уништување, произведено само во поранешен СССР, ги наведе британските власти на заклучок дека таков обид за убиство може да се изврши само со знаење и одбрување на руската држава. Особено што нападот врз Скрипал беше речиси идентичен со убиството на еден друг дисидент – Александар Литвиненко, во ноември 2006 година – кој исто така беше поранешен руски разузнавач ( во тајната служба ФСБ) и кој исто така пребегна од Русија во Британија.
Починатиот Коробов, за директор на ГРУ е поставен во 2016 година. По настаните во Украина и руската интервенција во оваа држава, тој беше ставен на листата на санкционирани руски државјани , функционери и бизнисмени што ја направи и објави САД, во рамките на неколку пакети со санкции кон Русија.
ГРУ ( Главна разузнавачка управа) и нејзините специјални ударни воени единици, ја завршија најголемиот дел од работите во сириската војна, посебно спасувајќи го тамошниот претседател Башар ал Асад. Претходно, тие активно беа вклучени во разврската во војната во Чеченија со локалните исламисти и сепаратисти, а во периодот на советската интервенција во Авганистан, беа во постојан директен судир со ( тогаш) од Западот подржуваните локални, анти советски и антикомунистички орбени сили, кои подоцна се трансформираа во талибанци.
Според западни безбедносни аналитичари, оваа разузнавачка агенција е вклучена во операции на агенти, во саботажи и Hi-Tech операции , во набљудување, како и во ширењето лажни вести и дезинформации на интернет. Московските весници пишуваат дека оперативците на ГРУ се на обука и специјален тренинг во период од три години и за тоа време се оспособуваат за кибернетика, изучуваат странски јазици, се запознаваат со геополитиката, но и со користењето и откривањето на кодови и со обука од сите елементи за шпионажа. Безбедносни експерти тврдат дека воената тајна служба се посочува како предводник на сите руски операции на хакирање , мешање во изборни процеси и во внатрешните состојби во разни земји, како во Европа, така и во Америка, а за ГРУ се врзуваат и сите руски дејности насочени кон дестабилизирање на Македонија.