Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

СЗО : Годинава три пати повеќе заболени од морбили

HalfPoint/Bigstock.com

СЗО : Годинава три пати повеќе заболени од морбили

Бројот на заболените од морбили, на глобално ниво, само во првите три месеци од оваа година е зголемен за три пати , во споредба со истиот период во 2018 година – соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Најголем пораст има во Африка – дури 700 отсто , додека меѓу најтешко погодените земји се вбројуваат Украина , Индија и Мадагаскар . Во овие три држави , се регситрирани на десетици илјади случаи на еден милион население . Од септември минатата година, па до сега , само на Мадагаскар , од сипаниците и од последиците на болеста , починале 800 лица . Според СЗО , заразата е широко раширена и во Бразил , во Пакистан и од граѓанската војна погодениот Јемен.

Експертите предупредуваат дека нивните проценки се дека бројот на заразените и заболените од морбили е многу поголем . Податоците кои ги добива СЗО се прават врз основа на регистрираните случаи , но експертите на организацијата веруваат дека тоа се само еден од десет случаи . Тие предупредуваат дека станува збор за тешко и опасно инфективно заболување , како за децата , така и за возрасните кое предизвикува низа компликации , најчесто врз мозокот , или врз белите дробови .

Како единствена заштита, СЗО ја посочува навремената и превентивна вакцинација против морбилите . На глобално ниво , со вакцинација ( и заштита ) се опфатени 85 отсто од популацијата , иако долната толерантна граница за секоја земја треба да биде 95 отсто .

Тоа значи дека се уште голем број деца и возрасни не се вакцинирани , или не биле кога тоа требало да го направат . СЗО веке две децении води битка против лажната тревога , предизвикана од неточната теза на еден британски лекар , дека вакцината против морбилите предизвикува аутизам кај децата . Многу родители тоа го користат како оправдување за невакцинирање на нивните деца , што според експертите е поголема закана за нив , ако останат невакцинирани . Вина за ваквата состојба имаат и многу педијатри и лекари кои ги уверуваат родителите да не ги вакцинираат децата , додека не наполнат три години , или дека треба да ги остават без вакцина , за формирање природен имунитет .

Алармантното зголемување на забололените од сипаници минатата и оваа година ,  натераа низа земји да наложат казниени мерки против родителите и децата , откако повеќе болести , за кои се веруваше дека се искоренети , се вратија и се раширија дури и во држави со високо развиени здравствени системи .

Во Италија , по брза постапка , се донесе закон со кој се забранува на деца до шест години да одат во уилиште ( градинка ) доколку не се вакцинирани , наложувајќи и и казни за родителите . Во САД , каде се мислеше дека нема повеќе  морбили , сипаниците се вратиле , па во една област во државата Њујорк е воведен полициски час , за деца и тинејџери , за да се запре заразата , додека во градот Њујорк е наложена целосна вакцинација на сите невакцинирани , под закана од високи парични казни .

Борба против „ болеста “ национализам

Угледниот француски филозоф , Бернар Анри Леви објави дека покренал борба против раширената „ зараза од болеста“ наречена национализам , не само во Франција  туку и низ Европа .

Тој трнал на европска турнеја за да му се спротивстави на злото , како што тој го нарекува национализмот и за кое тврди дека  одново се има појавено на европскиот континент и во некои од земјите на ЕУ . „ Национализмот и има нанесено толку многу зла на Европа , предизвикувајќи и меѓунационални судирања и војни , па затоа овојпат не смее да му се дозволи  да се шири неконтролирано “ – рекол Анри Леви , посочувајќи го Брегзит , како еден од примерите на национализмот .

Во еден период се мислело дека по тој пат се движи и грчкиот премиер Алексис Ципрас , но за него се вели дека успеал да се издигне над национализмот и ги одбрал интересите на државата , пред националстичките идеологија , па дури успеал  да разреши и еден стар и тежок спор ( со Македонија) кој за Европа изгледаше како нерешлив .

Морено : Асанж бил шпион

Еквадорскиот претседател Ленин Морено изјавил за британски „ Гардијан “ дека Џулијан Асанж , кој безмалку седум години помина во доброволен егзил , во просториите на амбасадата на оваа јужноамериканска земја во Лондон ,  ја користил еквадорската дипломатска мисија за шпионирање . Не е наведено за кого го правел тоа , ниту кого шпионирал .

Морено му го укина азилот што му го додели претходниот претседател Рафаел Кореа , а откако Асанж одбил да излезе од зградата на амбасадаа каде се криеше од јуни 2012 година , еквадорскиот амбасадор добил дозвола да ја повика лондонската полиција , за да го изнесе надвор основачот на Викиликс кој веднаш потоа беше уапсен .

Мадридскиот „ Ел Паис “ сега донесува детали за однесувањето на Асанж додека се криеше од британските власти . Според тврдењето на еден од неговите шпански телохранители , бегалецот бил „ тежок ексцентрик“ кој бил постојано во војна со персоналот на амбасадата .

Еднаш побарал ( и добил) согласност тоалетната шоља да ја замени водоинсталатер специјално дојден од Шпанија , затоа што , според Асанж , било кој мајстор од Британија , ќе поставел прислушен уред и ќе го „ озвучел“ тоалетот . Само тоа ја чинело еквадорската држава 4500 долари. За неговата лична безбедност ( иако не излезе ниту еднаш од амбасадата седум години ) се гржел тим изнајмен од Шпанија за чие работење плакала еквадорската тајна служба  . Тимот телохранители бил веднаш распуштен откако Морено беше избран за претседател . Владата во Кито соопшти дека чувањето на Џулијан Асанж ја чинелко државата 6,5 милиони долари .

Градителите на Стоунхенџ потекнувале од Медитеранот

Прадедовците на градителите на монументалниот праисториски споменик Стоунхенџ , во јужна Англија , на британските острови дошле од реонот на Медитеранот , посебно од неговиот источен дел , од Анатолија  ( денешна Турција ) .

Според истражувањата на британските експерти ДНК тестови биле правени  на остатоците од времето на неолитот и од тогашните луге , најдени во Британија , кои потоа биле споредувани со оние најдени од неолитските луге на европското копно . Така се утврдило дека неолитските луѓе патувале од Анатолија , се до Иберија ( денешни Шпанија и Португалија ) од каде преку територијата на денешна Франција , се префрлале на британските острови .

Таму пристигнале 4000 години п.н.е. Експерти веруваат дека имало масовна експанзија од реонот на Анатолија кон европското копно уште 6000 години п.н.е. кое тогаш било многу слабо населено и каде се верува дека оделе за ловење .

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе