Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Австрија со в.д. канцелар

AntonAlex/BigStock.com

Австрија со в.д. канцелар

Во наредните четири месеци, до вонредните парламентарни избори, со Австрија и со нејзината домашна и надворешна политика ќе управува влада составена од технократи и в.д. канцелар.

Тоа е епилогот од неочекуваната политичка криза што се појави во земјата, по видео скандалот, за снимените тајни преговори на лидерот на австриската крајнодесничарска Слободарска партија (ФДП) Хајнц Кристијан Страхе кој беше и вицеканцелар, со една Русинка, бизнисмен која му нуди да го откупи виенскиот весник “Кронен Цајтунг“ и да го преобрати за да биде во функција на партијата, по углед на она што го прави Виктор Орбан во Унгарија и на Балканот.

Страхе го прифаќа тоа и ветува дека доколку ФДП, со помош на весникот (во руски раце) стане водечка партија во земјата, Русинката ке може “се да добие“, сугерирајќи и уште веднаш да создаде градежна компанија, за која ветува дека би ги добивала сите тендери на владата, ако со неа управува ФДП.

Страхе поднесе оставка на двете функции, но се распадна и владината коалиција која по последните избори во октомври 2017 година меѓу десноцентристите на Себастијан Курц и ФДП, откако сите министри – крајнодесничари поднесоа оставки во знак на протест што Курц го смени и министерот за внатрешни работи и генерален секретар на оваа партија. Пратениците на ФДП, гневни на канцеларот, подржани и од социјалдемократите, побараа гласање за доверба на владата “на умирање“.

Социјалдемократите, како што објаснија подоцна, се определиле на ваков чекор “само за да го казнат Курц“ што воопшто коалицираше со ултрадесничарите. Откако ја соборија владата, двете партии покренаа гласање и за доверба на канцеларот кој беше предвидено да остане на таа функција до есенските избори.

Курц го загуби и ова гласање и стана првиот канцелар на Австрија по Втората светска војна кој бил сменет од функцијата откако му била изгласана недоверба во Парламентот. Тој инсистира дека станува збор за обичен заговор на две партии кои немаат никаков аргумент против него, освен обична одмазда.

Видео скандалот и владината криза се случија непосредно пред изборите за европскиот Парламент. Гласачите реагираа како што и се очекуваше – ги казнија ултрадесничарите кои годинава освоија 17,2 отсто, додека на изборите во 2014 година добија 20 отсто, а на парламентарните избори пред 1,5 година, дури 26 отсто. Но, затоа, партијата на Курц (33) освои 34,9 отсто од гласовите, или 8,7 отсто повеќе отколку пред пет години.

Социјалдемократите овој пат ги претркаа ултрадесничарите, па сега се второрангирана партија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе