Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Шерон Стоун: седум години закрепнување

DFree/Bigstock.com

Шерон Стоун: седум години закрепнување

Американската филмска ѕвезда Шерон Стоун (61) во интервју за списанието „Вараити“ открива дека животот и „висел на конец“, откако во 2001 година доживеала мозочен удар. „Проблемот беше што доцна се јавив во болница и што задоцнив да побарам лекарска помош“- вели  Стоун, советувајќи ги сите, а посебно жените, што побрзо да побараат лекарска помош, затоа што мозочниот удар е многу опасен.

„Ми беа потребни цели седум години за целосно заздравување“- објаснува актерката во интервјуто.

Шерон Стоун се прослави по својата улога во еротскиот трилер „Сурови страсти“ играјќи покрај Мајкл Даглас, а наградата Оскар ја доби за улогата во филот „Касино“ каде партнер и беше Роберт де Ниро. Зборувајќи за својата болест и за состојбата во која се има најдено, таа раскажува дека нејзината баба, како и мајката биле погодени од мозочен удар. „ И мене тоа ми се случи, со девет дневно крварење во мозокот“- вели таа.

Сега Стоун советува итно да се оди на лекар или веднаш во болница, доколку ве мачи силна главоболка, која не престанува. Таа сега признава дека тешко погрешила што помош од лекар побарала дури откако четири денови не и минувале болките во главата. „Шансите да останам жива, до хирушката интервенција беа само 1 отсто. Ниту лекарите не сакаа да зборуваат за тоа дали ќе го преживеам ударот“- зборува Стоун.

Во интервјуто таа се жали на студениот и дури брутален однос на Холивуд кон неа, во тоа време. Во годините кога се опоравувала од тешката болест, кога покрај се друго морала да се соочи и со разводот со нејзиниот тогашен сопруг, новинарот Фил Бронстајн и да води правна битка за старателството врз нејзините два сина. Шерон Стоун открива дека единствени кои и се нашле при рака, биле луѓето од раководството на модната куќа „Диор“ кои и помогнале, ангажирајќи ја како модел за нивните колекции.

Целосно опоравена, актерката објаснува дека повеќе не одржува некаква специјална диета. Вели дека не јаде преработена храна, како и  дека ретко консумира газирани пијалци и алкохол, но како што вели- никогаш не одбива месо и темно чоколадо.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе