Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Западен Балкан во приоритетите на Германија

Positiffy/Bigstock.com

Западен Балкан во приоритетите на Германија

-Стабилизацијата на Западен Балкан и приближувањето на овој регион кон ЕУ ќе биде една од главните задачи на германското претседателство со ЕУ- навести германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Во авторски текст во весникот „ Франкфутер Рундшау“ министерот Мас вели дека Германија и ЕУ имаат големи задачи. Пред се, спроведување на фер трговската политика, па уредување на односите со Британија ( по Брегзит) , подршката на нашите источни соседи, како и оние на југот, во регионот на Западен Балкан, во неговото реформирање и приближување кон Унијата.

Германија ќе ја преземе ЕУ на 1 Јули следната година и во следните шест месеци ќе се залага за една силна и суверена Европа која во надворешната политика ќе делува поодлучно и повеќе стратешки.

Германско-француски разлики

Според шефот на германската дипломатија , ЕУ мора да преземе многу повеќе одговорност за својата безбедност, објаснувајќи дека во тој сектор Германија сака уште поцврста соработка во развојот на заедничките капацитети. Целта на Германија е силна ЕУ, но како дел од НАТО, па затоа во месеците на германското претседателство, Берлин сака да се формира Центарот за цивилно управување со кризи.

На тој начин, смета Мас, би се засилила улогата на ЕУ/Европа како сила на мирот. Во исто време ќе се настојува да се постигне и  напредок на планот за формирање  заеднички штаб за мисии од заедничката безбедносна и одбранбена  политика на Унијата.

Во годината на американските претседателски избори, ЕУ мора да вложи многу повеќе во транс-атланското партнерство , вели Хајко Мас во својот авторски текст во угледниот германски весник.

Тој притоа инсистира дека ЕУ ќе мора да реагира многу побрзо и поефикасно во справувањето со меѓународните кризи, при што ги споменува Сирија и Либија, како и зоната на Сахел во Африка, од каде европскиот континент е „ напаѓан“ со бегалци и мигранти.

Во секој случај, последните шест месеци од следната 2020 година, ЕУ ќе биде по германска „контрола“. Една Германка – Урсула фон дер Лајен ќе биде претседателот на Европската комисија, а другата – канцеларот Ангела Меркел, ќе претседава со Европската Унија. Тоа се нема случено во последните 50 години, откако пред половина век, за последен пат еден германски политичар раководел со Комисијата во Брисел.

Над 50 милијарди евра за одбрана

А, во таа година официјален Берлин настојува да се засили НАТО и уште од сега Германија најавува зголемување на издвојувањето за Алијансата. Тоа е сосема спротивен приод од оној на францускиот претседател Емануел Макрон кој за НАТО вели дека се наоѓа во фаза на „ мозочна смрт“.

Следната година Германија ќе издвои 50,3 милијарди евра за Алијансата, со што ќе се приближи до оние минимални 2 отсто од БНП што секоја земја-членка треба да ги издвојува за НАТО и за одбранбените потреби. Станува збор за 1,42 отсто од германскиот Бруто национален производ, наспроти годинешниве издвојувања од 47,9 милијарди евра, односно 1,39 отсто од БНП.

Соопштението на германското Министерство за одбрана доаѓа како одговор на францускиот претседател и неговите мрачни прогнози, за што остана осамен во целата Алијанса и единствената јавна поддршка ја доби од Москва, која квалификацијата за „ мозочната смрт“ на Алијансата ги оквалификува како „ златни зборови“ што руската страна одамна ги очекувала.

Германскиот министер за одбрана, Анегрет Крамп Каренбауер ја критикуваше изјавата на Макрон објаснувајќи дека она што го сака Германија е јакнење на Алијансата, додека Франција заговара поголема европска соработка , како замена за НАТО.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе