Почина пејачката на „Роксет“
Мари Фредриксон, пејачката на познатиот и едно време многу популарен шведски бенд „Роксет“ починала во својот дом, после долга и тешка болест, во својата 61 година од животот – јавуваат локалните медиуми.
Цели 17 години, од 2002 година, таа се борела со тумор во мозокот. Тешката болест предизвикала, во текот на лекувањето да го загуби видот на едното око, како и значително да го загуби слухот. Последните месеци таа тешко можела да зборува.
Партнерот во бендот, Пер Гесл, со кого Фредриксон во 1986 година ги имаат формирано „Роксет“ се прости на Твитер со порака во која го користи насловот од нивниот хит – „Работите никогаш нема да бидат исти“.
Бендот своите најголеми успеси ги има постигнато во втората половина на осумдесеттите години, како и на почетокот од деведесеттите од 20 век. Еден од најголемите успеси на „Роксет“ со кој тие станаа светски познат бенд е хитот „Тоа мора да е љубов“ од филмот „Убава жена“ со Џулија Робертс и Ричард Гир.