Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Монета од пет фунти во чест на „Квин“

Elenarts/BigStock.com

Монета од пет фунти во чест на „Квин“

Британската кралска ковачница за издавање монети, на пазарот пушти во оптек специјална метална паричка во номинална вредност од пет фунти, во чест на рок групата „Квин“ – пејачот Фреди Меркјури и другите членови од овој прославен бенд.

„Ова за нас е исклучителен момент. Сега има метална паричка на Обединетото кралство со ликот на кралицата (Квин), а на другата страна со групата „Квин“ – изјавил за лондонските медиуми, гитаристот Брајан Меј.

На сите британски пари, како монетите, така и на банкнотите, се наоѓа ликот на кралицата Елизабета Втора.

На специјално издадената паричка, на страната на бендот, се изгравирани името на групата, како и инструментите на кои тие свиреа – клавирот на Меркјури, гитарите на Меј и на басистот Џон Дикон, како и тапаните на Роџер Тејлор.

Монетата е издадена во златна и во сребрена варијанта, а цената (нормално) прилично се разликува. Сребреникот со бендот се продава за 13 фунти, додека златникот „Квин“ може да се добие за 2100 фунти.

Медиумите пишуваат дека ова е првата специјално издадена монета од планираната серија – „Музички легенди“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе