Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Луксембург со бесплатен јавен превоз

EdNurg - stock.adobe.com

Луксембург со бесплатен јавен превоз

Од почетокот на овој месец, Луксембург стана првата земја со бесплатен јавен превоз. Жителите на ова мало кнежевство, сместено меѓу Франција, Белгија и Германија, како и гостите во државата, повеќе не плаќаат билети за возење со градскиот и приградскиот автобуски сообраќај, во трамвај и за железничкиот, освен за првата класа на железницата која е исклучена од оваа мерка.

Според објаснувањето на владата, 40 отсто од домаќинствата во Луксембург, држава со 650 илјади население, користат јавен превоз, па неплаќањето за билети се смета како социјална мерка во оваа најбогата земја-членка на ЕУ, каде БНП по глава на жител изнесува околу 30 илјади евра.

Кнежевство со највисок стандард

Луксембург е поврзан со патишта и железница со соседните држави, од каде доаѓаат секој ден на работа околу 200 илјади вработени, што е еднакво на половината од сите вработени во локалната индустрија. Тие од странство меѓу кои има и Луксембуржани кои живеат во соседството затоа што таму становите се поевтини, а доаѓаат на работа во кнежевството затоа што тука платите се многу повисоки, ќе плаќаат за превозот само до границата – до влезот во кнежевството, но не и за превозот низ неговата територија.

Високите плати и богатата економија во оваа малечка држава, предизвикаа бројот на населението во кнежевството, во изминатите 20 години за цели 40 отсто.

Некои економски експерти сметаат дека бесплатниот превоз не е мерка што би требало да се поздрави и поддржи. Прво затоа што, во суштина, превозот не е вистински бесплатен. Цената на овој проект изнесува 41 милион евра годишно, но тие пари наместо да се собираат од луѓето-патниците сега ќе се одделуваат од буџетот, а тоа значи дека од парите на сите даночни обврзници на државата.

Досега цената на билет за возење во еден правец чинеше две евра, додека дневната карта изнесуваше четири евра.

Високи плати-евтин бензин

Втората работа е што оваа мерка не им значи ништо на големото мнозинство од домашното население, а и на дојденците, бидејќи тие користат автомобили за превоз.

Со 700 автомобили на илјада жители, Луксембург е уверливо на прво место во ЕУ и во Европа. Тоа не е последица само на високот стандард на луѓето во кнежевството, па речиси секој лесно може да си купи свој автомобил, туку и на ниската цена на бензинот и на дизел горивото, во споредба со сите три околни држави. На овие луѓе не им е потребен јавен превоз и тие не патуваат ниту со автобуси, а ниту со железница.

Евтиниот бензин, предизвикува голем број државјани на Франција и Белгија, но и од Германија, од блиските градови, со гориво се снабдуваат во Луксембург, па патиштата, а посебно улиците во градот Луксембург и во помалиот град Еш, се постојано затрупани со возила.

Експерти затоа сметаат дека она што му е најитно потребно на кнежевството, тоа е изградба на современи и брзи патишта, како и подобрување на железницата, која сега е позната по тоа што речиси сите возови постојано задоцнуваат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе