Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кремљ бара новинарите да се подалеку од Путин

m_photo/Bigstock.com

Кремљ бара новинарите да се подалеку од Путин

Портпаролот на Кремљ, службената резиденција на рускиот претседател, Дмитри Песков, побара од новинарите да не се приближуваат премногу блиску до Владимир Путин, објаснувајќи го тоа со глобалната пандемија со коронавирусот.

„Доколку не се чувствуваат добро, воопшто нека не доаѓаат на места каде е претседателот на државата“- рекол путиновиот портпарол. Песков порачал-сите новинари и уредници кои ја следат работата на Кремљ, да не доаѓаат ако кашлаат, или ако им тече носот.

Ваквото соопштение и барање доаѓа после случајот во рускиот Парламент, каде за време на говорот на Путин (68) , меѓу пратениците, имало еден кој штотуку се вратил од Франција и игнорирајќи ја обврската за карантин, дошол во Думата и присуствувал на седницата.

Кога се разбрало за ова, салата на Долниот дом на Парламентот, била веднаш дезинфицирана, но настанала паника кога се утврдило дека претседателот Путин има и средба со овој пратеник. Песков во соопштението не кажува дали пратеникот е заразен и дали е изолиран, освен што рекол дека рускиот претседател не е инфициран.

Русија , официјално, тврди дека има 34 заболени лица со овој вирус. Земјата има од почетокот преземени бројни мерки за заштита- ограничување на авионските летови и затворени граници ( кон Кина и Иран) , како и организирање собори со повеќе од пет илјади лица и задолжителен карантин.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе