Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Путин има „дозвола“ за уште два мандати

shganti777/BigStock.com

Путин има „дозвола“ за уште два мандати

Уставниот суд на Русија смета дека законот за уставните амандмани со кои му се овозможува на актуелниот претседател Владимир Путин да остане на власт во следните 16 години, е во согласност со рускиот Устав. Ваквата оценка за уставноста на овој закон доаѓа пред за него да се одржи референдум кој веќе е закажан за 22 април.

За да поминат уставните промени, а тоа значи и да се озакони продолжувањето на мандатот на Путин, до 2036 година, потребно е на референдумот, половината од гласачите кои ќе гласаат, да ги поддржат.

Владимир Путин е на власт- прво како премиер, па како претседател, па одново како премиер и уште еднаш претседател, 20 години.

Но според сегашните закони, тој не би можел да остане во Кремљ по 2024 година, кога му истекува сегашниот втор претседателски мандат. Уставните промени, меѓутоа, го избришаа тоа досегашно уставно ограничување, па сега Путин има право на уште два мандати од по шест години, после 2024 година.

Уставните промени, првично, самиот тој ги најави како можност за подигнување на улогата на Парламентот во рускиот политички систем, но сега се зборува дека промените само ја засилуваат позицијата на претседателот.

Освен тоа, промените на Уставот се искористени за исклучување на меѓународните прописи и стандарди, пред руските закони. Се смета дека на овој начин Русија (најпосле) ќе го блокира дејствувањето и силата на Европскиот суд за човекови права, со кого Москва е одамна во судир поради односот на властите кон своите домашни, политички противници и политички неистомисленици.

Уставните промени им овозможуваат на руските власти да не прифаќаат никаква пресуда на овој меѓународен суд, ако Москва не се согласува со некоја пресуда- игнорирајќи ја дека не е во согласност со Уставот на Русија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе