Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина кантри ѕвездата Кени Роџерс

Sheila Herman (https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Kenny_Rogers_(11034289625).jpg), „Kenny Rogers (11034289625)“, https://creativecommons.org/licenses/by-sa/3.0/legalcode

Почина кантри ѕвездата Кени Роџерс

Ѕвездата на американската кантри музика Кени Роџерс , три пати наградуван со наградата Греми, починал во 81 година од животот- јавуваат американските медиуми. Во информациите се вели дека Роџерс починал од природна смрт, мирно во својот дом. Неговата смрт нема никаква врска со се пораширената епидемија на корона вирусот во САД.

Семејството на популарниот пејач изјавило дека се предвидува погребот да биде  скромен и приватен, најмногу поради епидемијата и бројните ограничувања.

Во 2016 година, Роџерс најави крај на својата кариера, па за збогување тргна во голема, долга светска турнеја. Но во 2018 година таа беше прекината, прво привремено, а потоа и трајно, откако пејачот се соочил со здравствени проблеми.

Кариерата ја има започнато уште во педесетите години на 20 век, со една џез група. Во седумдесетите години Роџерс се свртува кон соло кариера. Во 1977 година веќе го издава својот прв хит и голем комерцијален успех- песната „Лусил“.

Има издадено бројни хитови. Тој се јавуваше и на светските топ листи, но најмногу ќе биде запаметен по хитовите „Коцкар„ , „Лејди“ и по хитот “Islands in the Stream”, што го пееше со Доли Партон. Тие двајцата имаат заедно издадено и испеано неколку хитови, а имаат и заеднички турнеи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе