Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина „таткото„ на Астерикс

StockphotoVideo/BigStock.com

Почина „таткото„ на Астерикс

Францускиот цртач на стрипови, Албер Удерзо, ко-автор на популарниот стрип Астерикс и Обелиск, починал на 93 годишна возраст- соопшти неговото семејство. Удерзо починал на спиење, од срцев удар, во неговиот дом во градот Неј.

Неговата смрт нема никаква врска со сегашната глобална пандемија со коронавирусот, од која како главни жртви се старите и возрасните лица. Во изјава за француските медиуми, неговите роднини рекле дека „последните недели се чувствувал исцрпен“.

Удерзо, заедно со својот пријател Рене Гоши, кој почина уште во 1977 година, го создале ликот на Астерикс во шеесетите години на 20 век. Ликот на храбриот и достоинствен Гал и неговиот другар и постојан придружник Обелиск, било замислено да се создадат, како некаков француски одговор на „поплавата“ од најразлични американски стрипови.

Но, стрипот за Галите и за нивните бројни авантури, набргу ги надминал границите на Франција и станал популарен низ цела Европа, а потоа и низ светот. Дури 380 албуми се издадени со Астерикс и Обелиск во 111 земји од светот. Стрипот има и своја филмска верзија.

По повлекувањето на Удерзо, стрипот го одржуваат бројни цртачи и илустратори, но секогаш придржувајќи се на оригиналот, што ги имаат поставено Удерзо и Гоши.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе