Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Текстот на „Хеј Џуд“ продаден за 910 илјади долари

nata_zhekova/BigStock.com

Текстот на „Хеј Џуд“ продаден за 910 илјади долари

Текстот за големиот хит на Битлси – „Хеј Џуд“ – напишан на рака од Пол Макартни, бил продаден на аукција за дури 910 илјади долари, или  за девет пати повеќе од првично определената цена што ја има понудено аукциската фирма „Џулиенс Окшн“.

Музичкиот експерт на фирмата оценил дека станува збор за исклучително редок и вреден примерок од музиката. Тоа е текст, што  набрзина го има напишано Макартни, за студиското снимање на песната која ќе стане еден од најголемите хитови на Битлси.

„Тоа е хит што сите добро го знаат, а тие, така напишани стихови биле користени во текот на снимањето на песната“ – објаснува овој експерт кој признава дека, сепак, не очекувал оти ќе достигне вака висока цена.

Аукцијата била спроведена преку интернет и засега не се открива кој е купувачот.

На продажба се нашле околу 250 разни предмети поврзани за оваа британска поп група која одамна е меѓу легендите на британската и светската поп музика. Така, дел од тапаните на Битлси на кој се гледа и нивното лого, а што биле користени за првата турнеја на групата во САД, во 1964 година, бил продаден за 200 илјади долари.

Пепелникот за цигари што го користел нивниот тапанар Ринго Стар, во студиото „Аби Роуд“ во Лондон, на аукцијата некој го има купено за 32.500 долари.

Аукцијата била спроведена по повод 50 годишнината од разделбата на Пол, Џон, Џорџ и Ринго и престанувањето на постоењето на Битлси.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе