Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Амазон“ вработува уште 75 илјади луѓе

Jonathan Weiss/BigStock.com

„Амазон“ вработува уште 75 илјади луѓе

Американската компанија за е-трговија „Амазон“ соопшти дека ќе ангажира уште 75 илјади вработени, за да може да ја задоволи се поголемата побарувачка за нарачки и купување преку интернет.

Во соопштението од компанијата се вели дека по избувнувањето на глобалната пандемија со коронавирусот, значително е зголемен бројот на нарачки преку интернет. „Амазон“ претходно веќе има објавено дека вработува екстра 100 илјади работници за да се задоволат зголемените потреби.

-Побарувачката продолжува да расте, па затоа продолжуваме со нови вработувања- порачуваат од оваа компанија. Сите овие дополнителни вработувања се однесуваат само за САД.

Франција продолжува да го зголемува дефицитот

Одлуката на претседателот Емануел Макрон да го продолжи карантинот во Франција, до 11 мај, претставува дополнително оптоварување за буџетот на земјата, оценуваат домашните експерти, но за тоа зборуваат и министри во владата.

Околу 67 милиони Французи се во карантин од 17 март, освен оние кои одат на работа, како и здравствените работници кои се борат со пандемијата. Стопанството и стопанската активност, повеќе или помалку се замрени, па владата минатата недела реагираше со двојно зголемување на поддршката за стопанството со 100 милијарди евра.

Продолжувањето на карантинот уште повеќе ќе ги оптовари јавните финансии и јавната потрошувачка што сега се предвидува да се искачи до 9 отсто, колку што била по Втората светска војна. Претходно се планираше да не отиде повеќе од 7,6 отсто.

Исто така, се планира и намалување на Бруто националниот производ (БНП) за оваа 2020 година, за цели осум, а не како што до сега се планираше шест отсто.

Формиран е и фонд за солидарна помош за најчувствителните мали фирми. Помош имаат побарано 900 илјади претпријатија. Франција е втората економија во ЕУ.

Приземјен „Туркиш Ерлајнз“

Турската авионска компанија „Туркиш Ерлајнс“ одлучи да ги прекине сите свои меѓународни летови, се до 20 мај.

Причина за ваквата одлука е глобалната пандемија со коронавирусот. Во соопштението на компанијата се вели дека решението на „Туркиш Ерлајнс“ е донесено во склад со одлуките на турската влада, за борба со пандемијата и со, како што се вели, грижата за здравјето на луѓето.

Претходно, компанијата ги прекина и сите летови на линиите во внатрешниот сообраќај.

Оваа одлука (засега) важи до 20 април, но како сега стојат работите околу коронавирусот во Турција, многу е веројатно дека оваа авионска компанија ќе остане целосно приземјена и после овој датум.

Во оваа недела, во земјата за прв пат беше регистрирана дневна смртност од над 100 лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе