Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Вухан ги криел жртвите?

Keitma-st/BigStock.com

Вухан ги криел жртвите?

Властите во кинескиот град Вухан, епицентарот на коронавирусот со кој се зарази целиот свет, многу е веројатно дека на почетокот од епидемијата ги сокривале бројките за вистинскиот обем на пандемијата, а подоцна ги „фризирале“ и податоците за бројот на починатите.

На ваков заклучок упатува сегашното признание на локалните власти за „грешката“ при пребројувањето на мртвите кои излегува дека се за цели 50 отсто повеќе од првично објавуваните бројки. Сега бројот на починатите е повисок за 1290 лица, па (сегашната) вкупна бројка на жртвите од корона пандемијата во Вухан се искачи на 3869 лица.

Не се знае дали за ова корегирање на бројот на жртвите, влијаеле централните и партиските власти од Пекинг, но голем број здравствени експерти во светот и натаму не веруваат дека и оваа бројка е вистинската.

Светот не верува во бројките

Тие тргнуваат од основниот податок дека Вухан е град од 11 милиони жители и дека од тука е тргната заразата со вирус што се уште не може да се стави под контрола. Затоа се смета дека конечниот биланс на починатите, на помалку од четири илјади, изгледа малку веројатен, без разлика какви и колку остри биле мерките на тамошниот карантин.

Од коронавирусот, некаде и дневно, се уште од него умираат многу повеќе луѓе, на илјадници километри далеку од епицентарот, отколку што тоа се случувало во Вухан, во времето на најсилниот удар на вирусот.

Особено, што епидемиолози и експерти кои ја истражуваат оваа пандемија не може да се согласат околу тоа што ја има покренато.

За едни тоа е, како што се опишува, ужасната нехигиена на т.н. кинески „влажни“ пазари на кои се носи, коле, чисти и продава, како добиток и риба, така и зеленчуци, а се продава и храна која на самото место ја консумираат, продавачите и купувачите.

„Грешка“ во броењето на жртвите

Други сметаат дека виновниците треба да се бараат кај кучињата-скитници кои по ваквите места се хранат со лилјаци кои инаку се продаваат како човечка храна.

Трети, пак, се сомневаат оти во лабораториите кои ги има во самиот Вухан, при истражувачка работа (можеби и за воени цели, за изработка на биолошко оружје), корона излегол од лабораториите и се претворил во „чудовишен“ вирус кој убива низ целиот свет.

Официјален Пекинг ги отфрли на неколку пати обвинувањата дека станува збор за намерна, или за ненамерна грешка во локалните научни лаборатории.

Власта во градот од каде тргна вирусот, пак, се оправдува дека „грешката во броењето на мртвите“ била од „техничка природа“ – затоа што многу од жртвите умреле дома, а не во болница, а штабовите кои ја следеле заразата, ги регистрирале само оние податоци кои им ги соопштувале болниците.

Светот, од своја страна, тешко дека ќе верува во она што како податок се нуди и ќе се понуди од Кина. Здравствени експерти сметаат дека бројот и на заразените и на починатите, на кинеска територија, а посебно во Вухан и во провинцијата во која е лоциран, се многу поголеми, можеби и над бројките кои сега се бележат во САД и во Европа.

„Сокривање на вистината“

Реакцијата на локалните вухански власти доаѓа после на неколку пати изразената недоверба од низа европски политички лидери и од САД околу обемот и последиците од пандемијата во Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Пекинг дека „постојано ги сокривал вистинските состојби со вирусот и епидемијата“, објаснувајќи дека доколку властите, прво на време, а потоа и точно ја изнесуваа состојбата, светот ќе се подготвеше за пандемијата и ќе реагираше сосема поинаку.

Само Русија и официјална Москва застанаа во одбрана на Кина од, како што таму велат, неоправданите обвинувања од Западот, иако токму руските власти, први ја затворија својата четири илјади долга граница со НР Кина, како заштитна мерка од пандемијата.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе