Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џуди Денч на насловната на „Вог“

Nick Knight

Џуди Денч на насловната на „Вог“

Британската актерка Џуди Денч (85) се појавува на насловната страница на угледното, монденско женско списание „Вог“. Ова е прв пат во историјата на ова британско списание на насловната страница да се појави една жена – позната , или популарна личност – на нејзината возраст.

Денч е вистински ветеран на домашната театарска, филмска и телевизиска сцена, на која е присутна над 60 години, но за весникот таа има изјавено – не помислувам, а и немам намера да се пензионирам. „Па, актерите не се пензионираат“ – има речено актерката.

Невидени времиња

Фотографијата на насловната, на која таа е снимена во блуза која е креација на „ Долче и Габана“ е направена во нејзиниот дом, во Сари, во југозападниот дел од најблиската околина на Лондон, пред да бидат воведени мерките за карантин во Британија, поради коронавирусот.

Зборувајќи во интервјутоа за „Вог“ за пандемијата и за случувањата, актерката рекла – „Ова се досега невидени времиња што тешко може да се разберат“. Според неа, „позитивното од кризата е тоа што луѓето станаа свесни за она што ги снаоѓа, за маките на другите, а посебно за маките на оние кои се препуштени на самите себе“.

Џуди Денч се смета за една од најголемите британски актерки, за која се вели дека секоја улога, па и најмалата, таа ја претвора во голема.

„Дружејќи“ се со Шекспир

Кариерата ја има започнато уште во далечната 1957 година, на сцената, настапувајќи во една драма на Вилијам Шекспир. Од тогаш има настапувано во речиси сите шекспирови драми, на сцената, но и во филмовите.

И наградата Оскар за најдобра женска споредна улога Денч ја доби за улогата во филмот „Вљубениот Шекспир“ толкувајќи го ликот на кралицата Елизабета Прва.

Во последните години таа се појави и во неколку од филмовите од серијалот за Џејмс Бонд, толкувајќи го ликот на неговиот шеф, „М“ – кога за прв пат се одлучи улогата на шеф на британската тајна служба да и се додели на една жена-актерка.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе