Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Демонстрации против „јаншизмот“ во Љубљана

European People's Party, EPP Helsinki Congress in Finland, 7-8 November 2018 (45042751584), CC BY 2.0

Демонстрации против „јаншизмот“ во Љубљана

Десетици илјади лица се собрале (на 12 јуни) пред зградата на Парламентот во Љубљана, на демонстрации против актуелниот премиер на Словенија, Јанез Јанша.

Демонстрантите носеле транспаренти во кои се бара оставка од Јанша и од неговата коалициска влада, извикувајќи пароли – „смрт на јаншизмот“ и на неговото ултрадесничарење и на националзимот што го промовира.

Учесниците на протестот уште од порано го имаат обвинувано словенечкиот премиер за десничарски екстремизам, за ширење на говорот на омраза, за напади и насилство врз новинарите и за загрозување на слободата на демократски и либерално определеното новинарство, како и за загрозување на демократските стандарди во државата и стандардите во екологијата.

Барања за оставка

Во основа, тоа се истите обвинувања како и оние на опозицијата и на деморатските и либералните групи и организации во Унгарија, кои се опираат на авторитарната власт на тамошниот премиер Виктор Орбан и на неговата десничарска и националистичка партија Фидес, кои десет години ја држат земјата под своја контрола.

Орбан и Јанша беа и се уште се сојузници и истомисленици во пресметката со левите, либералните и демократски гледања, иако и двете земји се во НАТО и во ЕУ, само со таа разлика што Словенецот не зборува со јазикот на евроскептоцизмот како што тоа го прават во Унгарија, посебно тамошниот премиер и неговиот шеф на дипломатијата.

Демонстрантите во Љубљана, во текот на протестот, го имаат обвинувано Јанша и за грешки во текот на борбата со пандемијата со коронавирусот, но посебно за нетранспарентност при набавката на медицинска опрема, преку партиски и нему блиски посредници. Владата ги отфрла сите вакви обвинувања, тврдејќи дека се „без основа и дека се политички мотивирани“.

Јанша се пресметува со левицата

Протестите почнале како мирни и без инциденти. Зградата на словенечкиот Парламент била обезбедувана со железна ограда и од силен кордон на спацијалната полиција.

Демонстрациите излегле од контрола кога некои од демонстрантите се обиделе да ја урнат железната ограда, а други почнале да ја прескокнуваат.

Тогаш интервенирала полицијата кога дошло и до судир со демонстрантите, па има десетина уапсени, но нема сознанија дали има и повредени.

Јанша, во негов стил, во првата реакција за протестите и за инцидентите веднаш ги обвинил, како што рекол – „екстремните групи” на (словенечката) левица, како и органзацијата Антифа, за која тврди дека е поврзана со партиите на левицата во Парламентот.

Тој го обвинува и целиот лев блок во парламентарните клупи дека сакаат да ја урнат неговата коалициона влада.

Самиот тој, меѓутоа, стана премиер со партиско прегрупирање во Парламентот, со што ја урна претходната, левоцентристичка влада, создадена по последните парламентрани избори. Јанша успеа да се испазари со партијата на Церар, поранешен премиер и министер за надворешни работи, за да таа коалицира со националистите и десничарите и да остане во власта, а тој да биде премиер.

Револтираниот Церар поднесе оставка, откако беше надгласан во раководството на неговата партија.

Против „непослушните“ медиуми

Новиот премиер, пак, само што ја презеде функцијата, првата рабоа му беше да се пресметува со медиумите и новинарите кои не се на неговата страна.

Отиде до таму што дневниот весник „Дело“ и националната телевизија ги има пријавено во Советот на Европа дека се „необјективни партиски гласила“ и дека се остатоци од стариот, комунистички систем.

Нешто сосема идентично, со она што го има направено, во Будимпешта Орбан со тамошните медиуми и со унгарските новинари кои ја критикуваат неговата политика.

Јанез Јанша беше и изгледа дека и натаму останува сојузник (и подржувач) на македонската крајно десничарска и националистичка опозиција, која за разлика од словенечката сестринска партија, продолжува да дејствува антизападно, антиевропски, против НАТО и ЕУ, а за потесни врски со Русија.

Самиот Јанша пред неколку години беше осуден на две години затвор.

Не избега во странство, како неговиот сојузник од Македонија, и ја издржа затворската казна, а еден словенечки суд по тоа пресуди дека тој може да и се врати на политиката – како ништо да не било!?

(Љ.С.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе