Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Дуда: ЛГБТ идеологијата подеструктивна од комунизмот

mazzzur/BigStock.com

Дуда: ЛГБТ идеологијата подеструктивна од комунизмот

Полскиот претседател Анджеј Дуда кој е фаворит на претстојните претседателски избори во оваа земја, остро се има нафрлено врз ЛГБТ заедницата и врз активистите кои ги бранат нејзините геј припадници, означувајќи ја како „алиен идеологија“ која била „подеструктивна и од комунизмот“.

На една предизборна средба со гласачите, во внатрешноста на Полска, Дуда кој е кандидат на владеачката конзервативна, десничарска и националистичка партија Право и Правда (ПиС), ги опишал активистите кои заговараат права за ЛГБТ заедница, како опасни за државата.

„Моите родители се бореа против комунистичката идеологија 40 години. Но тие не се бореа за наметнување на нова (ЛГБТ) идеологија која дури е и повеќе разорна“

…рекол актуелниот шеф на држвата кој настојува да освои уште еден претседателски мандат.
Во првите реакции во полската јавност, критичарите на Дуда објаснуваат дека тоа што тој го зборува е и идеологија на неговата ПиС партија, за која се вели дека е крајно остра против геј заедницата.

Оваа заедница, пак, минатата недела има издадено посебен манифест во кој се обвинуваат сегашната власт и државата за тоа дека Полска е „најлошо реформираната членка на ЕУ, кога станува збор за правата на припадниците од оваа заедница“.

Партијата Право и Правда победи на последните парламентарни избори во во Полска со својата тврда конзервативна и националистичка агенда, која се потпира исклучиво на строгите католички вредности.

Дуда сега ги повикува родителите во земјата „правилно да ги воспитуваат своите деца“ и да ги насочуваат во развојот, предупредувајќи дека само тие може да бидат одговорни за тоа како децата ќе биде воспитани.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе