Поврзете се со нас

Skopje Global

Осумстотини ново заразени во месна индустрија

Европа/ЕУ

Осумстотини ново заразени во месна индустрија

aspsvz/BigStock.com

Осумстотини ново заразени во месна индустрија

Вкупно 800 работници од најголемата германска и европска кланица и индустрија за месо „Тенис“, се заразени со коронавирусот, во нешто што тамошните епидемиолошки експерти го толкуваат како најава за вториот бран на пандемијата.

Вака високо изразената бројка на ново заразени во само еден индустриски капацитет, доаѓа во време кога германската влада укина, или намали низа од мерките на карантинот, откако стана јасно дека пандемијата во Европа полека се смирува, а Германија се покажа како најуспешна во ЕУ во борбата со коронавирусот.

Земјата, навистина, има висока заразеност, без малку колку и другите големи држави на континентот, но со далеку помала смртност.

Одново карантин

Во малиот град Рода-Виденбрик, повеќе од 750 вработени, во секторот за производство на месо, се потврдено заболени, додека во карантин се ставени дури седум илјади (!) лица. Во гратчето, како и во неговата околина одново е воведен карантин.

Затворени се сите училишта и градинките, а на помош на локалните власти и на епидемиолошките екипи им се приклучиле и припадниците на германската армија.

Тие помагале во спроведувањето на брзото тестирање на уште пет илјади вработени на овој голем индустриски-прехранбен комплекс – како во кланиците, така и во погоните за преработка на месото.

Во меѓувреме, полицијата покрена истрага, а локалното обвинителство наложи да се трага по евентуално утврдување вина кај управата на месната индустрија дали за ваквото нагло зголемување на бројот на заразените има вина и одговорност – за немарен однос кои луѓето кои таму работат.

Или за тоа дека се прекршени мерките за заштита од заразни болести и од епидемија.

Случајот на „Тенис“

Во Германија, сепак, има знаци дека во одредени делови од државата корононата се има активирана.

Посебно во уште неколку индустриски кланици, а се споменува и една од пиварниците каде има регистрирано над 500 новозаразени.

Сепак, медиумите во Германија најмногу се занимаваат со кланиците и месната индустрија на „Тенис“, затоа што за неа се врзуваат низа неправилности, а посебно кога станува збор за односот кон вработените работници.

За случајот на „Тенис” се има заинтересирано и Европската комисија, особено што во овој германски индустриски комплекс работат и луѓе од другите земји членки на Унијата.

„Тенис„прво беше обвинува дека дава лажни спецификации за своите производи – кај меленото месо, иако е заведено дека е подеднакво составено од свинско и од телешко месо – утврдено е далеку повеќе има свинско, односно дека се измамуваат потрошувачите.

Сега, во врска со раширувањето на епидемијата се трудовите инспекции имаат утврдено дека услови за работа на работниците во кланиците е под дозволениот стандард на Германија и на ЕУ.

Луѓето работеле и по 12 часови, а биле сместувани во супстандардни, се хранеле во кантини во кои не се запазувани мерките за заштита од вирусот, а биле превезувани до индустриските капацитети онака како што тоа се правело пред избувнувањето на пандемијата.

Работници „на лизинг“ од Балканот

Голем број работници од Романија и Бугарија, како и од Србија има во погоните на овој голем капацитет на месната индустрија, што во нормални денови обработува и по 20 илјади свињи.

А, по укинувањето на карантинот, со почнувањето на летото, производството на месо и на месни производи се зголемило, поради наглото зголемената побарувачката.

Проблемите за „Тенис“, меѓутоа, настануваат затоа што работниците од Источна Европа биле најчесто ангажирани како „изнајмена работна сила – како работници на лизинг“, а не како што тоа оди во редовна постапка во која сите работници имаат ист статус и добиваат иста плата, според местото на работа и квалификацијата.

Тоа ја има покренато и германската влада, а пред се, министерството за труд, да се отвори истрага.

Германскиот министер за труд уште има речено дека работите во „Тенис” се скандалозни и дека компанијата претставува „злото на Германија“ со кое брзо ќе се расчисти.

Медиумите пишуваат дека дел од јавноста, како и некои домашни политичари, побрзале за повторното јавување на вирусот, да ги обвинуваат „работниците на лизинг“ дојдени од некои држави на Источна Европа, што засега не може да се утврди.

(Г.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе