Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Историски пад на економијата на САД

scaliger/BigStock.com

Историски пад на економијата на САД

Американската економија забележа опаѓање во второто тримесечие од оваа година, за цели 32,9 отсто – соопшти американското Биро за економска анализа.

Станува збор за најголемиот пад на Бруто националниот производ (БНП), кај, инаку, најмоќната светска економија, во нејзината историја.

Според Си-Ен-Ен, ова е второ едно, по друго опаѓање на американската економија, затоа што намалување на БНП имаше и во првиот годинешен квартал, но тогаш беше регистриран пад од пет отсто.

Во апсолутни бројки, ваквото намалување на националниот производ се смета дека изнесува 1.800 милијарди долари.

Опаѓањето во второто тримесечие, во еден ваков обем, е најлошото постигнување на економијата на САД, после 1947 година, од кога Американците имаат започнато квартално да ги следат економските состојби и на секои три месеци да ги презентираат статистичките показатели.

Гледано во целина, меѓутоа, падот на БНП за 32,9 отсто, е уверливо најлошиот резултат на домашната економија во историјата на САД.

Во „најцрните времиња“ – во време на големата економско-финансиска криза (депресијата) , во 1932 година – било регистрирано опаѓање од 12,9 отсто.

За економските експерти, ваквата криза е последица на тешкиот удар на глобалната пандемија со коронавирусот врз америкамската, но и врз светската економија, во целина.

Има експерти кои, меѓутоа, тврдат дека тие и пред налетот на епидемијата предвидувале криза на американската економија и нејзина стагнација и пад, но дека сепак, не очекувале таа да биде изразена во еден ваков обем.

Продолжувањето на кризата со пандемијата и кризата во економијата, се смета дека драстично ги намлуваат шансите на претседателот Доналд Трамп, за неговиот реизбор, во ноември.

Досега тој како свое најголемо постигнување во првиот мандат го прикажуваше успехот во домашната економија и зголемената вработеност, тврдејќи дека тие се резултат на неговата популистичка политика – Америка пред се – но, тоа сега забрзано исчезнува.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе