Бандерас болен од Ковид
Актерот Антонио Бандерас објави на социјалните мрежи дека е заразен со коронавирусот. И тоа на неговиот 60-ти роденден.
„Сакам да соопштам дека роденденот ќе го поминам во карантин, затоа што лекарите открија дека сум болен од Ковид-19, што го предизвикува вирусот корона“ – има напишано Бандерас на Фејсбук и на Твитер.
Во пораката, тој вели дека се чувствува добро, освен што се чувствува изморен и тоа многу повеќе од обично.
Главниот актер на филмовите за „Зоро“, како и за цела низа од филмови снимени во Шпанија, а потоа и во Америка, верува дека брзо ќе заздрави од болеста која го има погодена целиот свет, како и дека ги слуша советите на лекарите.
Антонио Бандерас, пред крајот на минатата година има прележано срцев удар, во како што тогаш самиот има признаено – поблага форма.
Тој е втората поголема филмска ѕвезда која се лекува од Ковид, после Том Хенкс и неговата сопруга – актерка и продуцент – Рита Вилсон. Тие се заразија, додека Хенкс во Австралија снимаше филм за животот на Елвис Присли.