Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Грција: Меѓу новозаразените има и странци

Magnito/BigStock.com

Грција: Меѓу новозаразените има и странци

Епидемиолошките и здравствените власти во соседна Грција и натаму не можат да го запрат забрзаниот раст на коронавирусот, кој во сегашниот втор бран се развива и побрзо и посилно отколку изминатата пролет.

Во последните 24 часови, Грција има регистрирано рекорден број на новозаразени лица во текот на еден ден, уште од почетокот на пандемијата во март годинава. Според официјалните податоци, што ги пренесува весникот „Катимерини“ има 269 новозаразени и уште еднаш, како и во претходниот ден – две починати лица.

Новина во ситуацијата во Грција е што за прв пат се споменува дека меѓу новозаразените има и 39 странци – гости и туристи кои престојувале во земјата на одмор и летување.

Оваа информација претставува уште еден удар врз грчкиот туризам, овца лето, како и врз напорите на владата во Атина да одржи во живот една, каква-таква туристичка сезона.

Земјата рано се отвори за прием на странски гости, уште пред Шпанија и Италија, но како и Хрватска се соочи со вториот бран на вирусот во екот на сезоната.

Од хрватското приморје, забрзано се повлекуваат странците, а пред се, гостите од Австрија, Италија и Словенија, откако владите на овие земји ги повикаа своите државјани да ја напуштат Хрватска територија, затоа што и таму вирусот се има вратено во силен обем.

Владата на Велика Британија тоа го направи со своите државјани кои беа во Шпанија, на крајот од јули, а потоа и од Франција, во минатата недела, предупредувајќи ги дека ако останат на летување, при враќањето дома, ќе мора да поминат во двонеделна самоизолација.

Британците по тоа, побрзаа на одмор во Грција, но кога почнаа да се префрлаат на егејскиот и јонскиот брег, Грција беше погодена од летниот бран на коронавирусот.

Сега, владата во Лондон најавува дека на „црвената листа“ на земјите погодени со овој бран од вирусот, влегува и Грција, која важеше за безбедна територија.

Вкупно 7500 лица досега се заразени во земјата, со 232 починати пациенти. Тоа е, сепак, помалку отколку во другите земји од Медитеранот, како и на Западот од Европа, но конкурентските земји во туристичката индустрија изразуваат сомнежи во точноста на службените грчки податоци околу пандемијата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе