Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Имунитетот од Ковид трае три месеци

PHOTOCREO Michal Bednarek/BigStock.com

Имунитетот од Ковид трае три месеци

Луѓето кои ја имаат прележано болеста Ковид, се заштитени, односно се имуни, три месеци, тврди американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Според весникот „Њујорк Тајмс“ кој ја пренесува оваа информација, експертите на овој Центар имаат утврдено дека оние кои ја прележале болеста може да се движат слободно и да се дружат со други луѓе, во период од три месеци по оздравувањето.

Станува збор за прва информација од која се открива дека имунитетот од Ковид трае барем 90 денови. За разлика од ова, во текот на јуни годинава студијата покажала дека нивото на анти-тела може да падне веќе за два месеци кај лицата за кои е потврдено дека биле заразени со коронавирусот, кои покажувале благи симптоми на болеста, или кои воопшто ги немале.

Но, според експертите, антителата може да бидат присутни и на ниско ниво, вклучувајќи го и она под нивото на детекцијата.

Овој американски Центар сега тврди дека луѓето кои биле позитивни на тестот за вирусот, не би требало да одат во карантин, ниту пак одново да се тестираат, во период до три месеци. Сето тоа важи само ако немаат развиено никакви симптоми.

Оние, пак, кај кои одново се појавиле симптомите, во периодот до три месеци, од моментот кога заболеле од Ковид, можеби би требало одново да бидат тестирани, ако не постои некоја друга причина за нивните симптоми.

Другите типови на коронавируси, кои предизвикуваат САРС и МЕРС, имаат антитела за кои се смета дека траат до една година.

Во првите недели и месеци по појавата на коронавирусот во САД, експертите веруваа дека антителата на новиот вирус ќе траат исто толку време, односно барем една година, што се покажа како сосема погрешна претпоставка.

Во секој случај, лекарите сега тврдат дека за некој, за кого е утврдено дека е повторно заразен со вирусот (и заболен од Ковид), откако еднаш веќе ја прележал болеста, всушност, се работи само за случај на повторно јавување на симптомите што постоеле при првата инфицираност.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе