Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Навални е сепак отруен

Rosfoto.ru/BigStock.com

Навални е сепак отруен

Германската болница која го прими на лекување рускиот дисидент Алексеј Навални (44) соопшти дека „тестовите кои се направени покажуваат дека тој е отруен“.

Екипата од лекари кои од саботата водат грижа за здравјето на Навални, тврдат дека во неговиот систем има откриено инхибитор од групата холинестарази. Засега, се уште не е позната супстанцата со која е отруен Русинот.

Во соопштението на болницата се вели дека пациентот е во одделението за интензивна нега и дека и понатаму е во кома. Неговата здравствена состојба се објаснува како „мошне сериозна“ но и дека тој не се наоѓа во животна опасност.

Полиција ја чува болницата

Дијагнозата на лекарите ја потврди и владата во Берлин, која во посебна изјава на владиниот портпарол објави дека е – „многу веројатно дека Навални е отруен” потоа дека сознанието што Навални е жртва на труење за германската влада е мошне сериозно прашање, па дека затоа е наложена, од понеделникот, болницата каде се лекува Русинот да биде под постојана полициска заштита.

Алексеј Навални е најсилниот и најгласниот критичар на Кремљ во Русија. Во четвртокот тој беше итно хоспитализиран во градот Омск, во коматозна состојба, откако нагло му се слошило додека патувал со авион, од сибирскиот град Томск, за Москва.

Отруен е на аеродромот во Томск, преку чајот што го има испиено, во аеродромското кафуле, пред да влезе во авионот. Од саботата е на лекување во Германија, каде беше префрлен со посредство на една германска невладина организација.

Омск со нова приказна

Германската влада е категорична во тоа дека е уверена оти Навални се нема самиот отруено, туку дека некој го отрул, намерно.

Тој важи за политички дисидент, но во судир со властите е откако отпочна силна кампања против раширената корупција во Русија, која тој тврди дека е потикнувана и покривана од власта.

Германскиот канцелар Ангела Меркел побара од Москва да се откријат извршителите на нападот врз Навални и да се казнат.

Од Русија, меѓутоа, тврдат дека Навални „не бил отруен кога бил во болницата во Омск“. Тамошните лекари сега тврдат дека првите прегледи што биле направени не покажувале значи на труење, како и дека во тамошните анализи не биле откриени траги од било каков инхибитор.

Во четвртокот, кога тој беше префрлен во болницата, директно од аеродромот во Омск каде авионот вонредно се спушти, истите лекари тврдеа дека симптомите што ги покажува Навални наведуваат на труење.

Тогаш тие зборуваа дека неговата здравствена состојба е „критична“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе