Поврзете се со нас

Skopje Global

„Сингапур Ерлајнс“ нуди вечера во приземнет авион

Бизнис Глобал

„Сингапур Ерлајнс“ нуди вечера во приземнет авион

Фото: Singapore Airlines

„Сингапур Ерлајнс“ нуди вечера во приземнет авион

Авионската компанија „Сингапур Ерлајнс“ една од најугледните на азискиот континент, им нуди на оние кои сакаат да патуваат, а сега тоа не може да го прават, поради пандемијата со коронавирусот, наместо да летаат – да излезат од дома, за да вечераат во ресторан.

А, ресторанот е максимално необичен – еден од приземнетите авиони на компанијата, претворен во угостителски објект.

Во него може да се вечера за 400 евра, колку што би чинел и авионскиот билет.

Летање без крајна дестинација

Авионот што ќе се користи за оваа намена е „Ербас-А380“ кој има 900 седишта и важи за еден од наголемите патнички летала во светот.

Предвидено е, како ресторан овој луксузно опремен авион да биде користен за ресторански потреби на 24 и на 25 октомври.

Во компанијата велат дека сите карти за место (и вечера) во авионот што нема да полета, биле распродадени за само 30 минути.

Ова не е прва ваква (необична) идеја на „Сингапур Ерлајнс“ за да се „остане во живот“, додека авионскиот сообраќај е на работ од колапс поради пандемијата, затворените аеродроми и непатувањето, за да се пречи ширењето на епидемијата што го има заробено светот седум месеци.

Претходно, оваа компанија одлучи, повремено, да прави авионски летови без определена дестинација.

Тоа значи, авионот ќе продаде карти за лет, ќе се наполни со патници и ќе полета, но наместо да се упати до определен аеродром – авионот ќе ги повози патниците над определена територија, ќе направи неколку кругови и ќе се врати на аеродромот од каде полетал.

Ваквото, бесцелно летање, се смета дека им помага на компанијата да собере „некоја пара“ и колку толку да одржува дел од својот авионски возен парк, во погон.

Конечно, многу луѓе на кои изминатите месеци им недостигаат патувањата со авион, на овој начин може да ја задоволат својата желба – за летање.

Страст за летање

Ваквата пракса за „рашетување“ на страствените авионски патници, без да се приземни во некоја локација, веќе го прават и авионски компании од Јапонија и Тајван, како и австралиски „Квантас“.

Според тамошните медиуми, авионот полетува од некој аеродром, а патниците ги вози до определена одалеченост. Или, пак, прави кругови над некоја поширока област и потоа се враќа на аеродромот од каде тргнал. И во „Квантас“ тврдат дека сите се задоволни од една ваква понуда – кога веќе нема ништо друго.

Понудата на „Сингапур Ерлајнс“ со авионскиот ресторан, е нешто друго, но нејзината цел е иста.

Таа е колку, толку да се санираат загубите што авионските компании ги трпат поради пандемијата и некако да ги задоволат сите свои патници кои многу сакаат да летаат, и на кои им недостига авионската кабина.

И, се да биде како во нормалните ситуации, дури и приземнет и без да полета, вечерата во „Ербасот- А380“ е различна, според класите во авионот. На пример, во кабините од прва класа, се нуди побогата вечера, како и четири видови јадење.

(Г.И.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе