Поврзете се со нас

Skopje Global

„Дедо Мраз ќе носи маска“

Екстра Глобал

„Дедо Мраз ќе носи маска“

insta_photos/BigStock.com

„Дедо Мраз ќе носи маска“

Италијанскиот премиер Џузепи Конте ги собра симпатиите на Италијанците, откако се огласи на социјалните мрежи, одговарајќи им на децата во Италија, за тоа како ќе изгледа Божик, годинава, во услови на (одново) раширена пандемија.

„Дедо Мраз ќе носи маска и ќе може да патува насекаде, со дозвола за слободно движење.“

„Тој ми гарантираше и дека има потврда за да може да патува насекаде. И ќе патува секаде, за да им дели подароци на децата“ – напишал Конте на Фејсбук, одговарајќи му на тој начин на едно пет годишно дете од Италија кое било исплашено дека Дедо Мраз можеби ќе биде ставен во карантин.

Нема карантин

Како многу луѓе во неговата земја и низ Европа и светот Италијанскиот премиер ја искористил оваа можност, преку „дозволата за патување“ на Дедо Мраз, да им прати порака на сите деца, а посебно на нивните родители и на сите возрасни, за да ги почитуваат сите мерки за заштита и одбрана од епидемијата со коронавирусот.

Уверуваќи ги децата дека (во сегашниве услови) и Дедо Мраз постојано носи маска на лицето и се придржува да биде на пропишана дистанца – за да се заштити себе си и да ги заштити другите, додека ги разделува подароците.

Конте уште му порачал на малечкиот кој му се јавил, да не заборави, под својата елка дома, покрај подароците, како и млеко и кексот, да стави и шишенце со гел за дезинфекција.

Италија одново на удар

Италија, во текот на првиот бран од вирусот беше првата во Европа која се најде на силниот удар на вирусот, од каде тој потоа тргна насекаде низ континентот.

Оваа земја тогаш ја плаќаше највисоката цена – во бројот на заболените и според смртноста. Сега, во екот на вториот бран, земјата одново е во голема борба со пандемијата на својата територија.

Овој пат, тоа не е како пролета, но, сепак, Италија одново бележи постојан раст на новозаразените. До сега, се регистрирани најмалку 40 илјади нови случаи, а изминатата недела земјата ја помина и границата од еден милион заразени.

Владата во Рим веќе врати некои од познатите мерки за одбрана од короната, што сите ги користат, но лекарите, како и политичари сугерираат враќање и на целосниот карантин.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе