Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Ефикасноста на „Фајзер“ вакцината е 95 отсто

Carlos l Vives/BigStock.com

Ефикасноста на „Фајзер“ вакцината е 95 отсто

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ („Pfizer”) соопшти дека анализите направени по третата фаза од тестирањето на новата вакцина против коронавирусот, покажале ефикасност од 95 отсто, во спречување од заразување.

Кај постари луѓе, оние на 65 и повеќе години, ефикасноста изнесува 94 отсто. Луѓето од истражувачкиот тим, имаат речено дека ова е исклучително висок процент за повозрасната популација кои се изложени на повисок ризик да бидат заразени и кај кои болеста Ковид може да предизвика многу сериозни последици и компликации.

Компанијата изразува задоволство што сите досега направени тестирања покажале дека не постои сериозен ризик, по здравјето на луѓето кои ја имаат примено вакцината.

Во соопштението на „Фајзер“ уште се вели дека ќе се побара од американската Агенција за храна и за лекови (ФДА) дозвола за употреба на вакцината за т.н. итни случаи, како и дека тоа ќе се направи веќе во следните неколку денови.

Во изработката на вакцината е вклучена и германската научна лабораторија „БионТек“, а завршните тестови за нејзината ефикасност се изведени за помалку од една година, откако истражувачкиот тим ја почна работата за создавање на вакцина против новиот коронавирус.

Во научните кругови, се смета дека станува збор за еден исклучително голем успех и за рекорд во брзо создавање, тестирање и подготвување за употреба во итни случаи. А, тоа е процес, што обично трае со неколку години.

Пред почетокот на третата фаза од тестирањето, „Фајзер“ објави дека врз основа на првите две тестирања, била докажана ефикасност на вакцината од, како што беше речено, најмалку 90 отсто.

Доколку ФДА ја одобри вакцината и издаде дозвола за нејзината употреба – во две дози – компанијата тврди дека до крајот на оваа година би можела да стави на располагање до 50 милиони дози, како и уште 1,3 милијарди дози, до крајот на следната, 2021 година.

Една друга американска компанија „Модерна“ која исто така работеше на откривањето вакцина против короната, објави дека нејзината вакцина има ефикасност „близу 95 отсто“.

Од Москва, во меѓувреме, беше соопштено дека ист таков процент на ефикасност во спречување на заразувањето, како и овие две американски вакцини, има и руската – наречена „Спутник“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе