Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Русија и Кина против Западен Балкан“

asobov/BigStock.com

„Русија и Кина против Западен Балкан“

Американскиот дипломат Филип Рикер изјави дека Русија и Кина на разни начини настојуваат да ја попречуваат евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, или пак настојуваат колку што можат повеќе да го забавуваат процесот на интегрирање на регионот кон ЕУ.

Овој висок американски функционер во одделението за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот во Вашингтон, има речено дека Москва создава и сее политички хаос во регионот, за да извлекува политички профит од таквата политика.

Кина, пак, дејствува со купување на лојалност во земјите на Западен Балкан (таму каде тоа ќе и го овозможат локалните политичари), преку стратешки инвестиции, сите оптоварени со државни зајмови, со тешки камати кои потоа ќе им се натоварат на следните генерации – да ги враќаат кредитите и да останат врзани за Кина и нејзините интереси на европскиот континент.

Штетен статус-кво во Косово

Рикер добро го познава Балканот, посебно делот што се уште остана надвор од Унијата.

Како помлад дипломат, а подоцна и како амбасадор на САД на два пати има работено во Македонија, а едно време беше и дел од американскиот дипломатски тим вклучен во разрешување на косовското прашање, во првите години по завршувањето на војната во оваа поранешна југословенска и српска покраина.

Тој затоа смета дека сегашната ситуација околу Косово е неодржлива за подолго време. Рикер инсистира дека сегашното “статус-кво“ за најновата независна држава на Балканот не нуди ниту решение, а не гарантира ниту стабилност.

„Ваквата состојба не може да остане и мора да се дојде до конечно решение“ за српско – косовските односи во иднина – оценува овој дипломат.

Рикер инсистира дека кога станува збор за Косово и за регионот, администрацијата во Вашингтон и ЕУ делат една, заедничка визија, а таа е дека Западен Балкан треба целосно да се интегрира во евро-атлантската заедница.

Успехот на „Преспа“

Како доказ за тоа заедничко дејствување на Вашингтон и на Брисел, тој ги посочува, пред се, историскиот македонско – грчки договор од Преспа, од јуни 2018 година, потоа спогодбата за избрна рефирма во Албанија, изборите во градот Мостар, во БиХ, орви после 15 години во поделен град меѓу хрватската и муслиманската етничка заедница, како и последната спогодба меѓу Србија и Косово, во Вашингтон.

САД се целосно посветени на стабилизацијата и на уредувањето на Западен Балкан, се додека регионот целосно не се интегрира во евро-атлантските структури – рекол Филип Рикер.

Според неговото мислење, силен Западен Балкан, значи и посилна Европа, атоа, пак, значи и посилно транс-атлантско партнерство.

Во ова време на политичка транзиција во Америка, по претседателските избори од 3 ноември, на 36 денови до инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, овој функционер на Стејт департментот е силен застапник на тоа дека “Европа/ЕУ мора да биде силна и слободна“. Определба која ја застапуваше претходниот претседател на САД, Барак Обама и која сега ја навестува новоизбраниот Бајден.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе