Поврзете се со нас

Skopje Global

Трамп „бега“ од инаугурацијата на Бајден

Свет

Трамп „бега“ од инаугурацијата на Бајден

shganti777/BigStock.com

Трамп „бега“ од инаугурацијата на Бајден

Доналд Трамп уште еднаш покажа дека своето неславно и промашено претседателствување ќе го заврши во стилот во кој и го започна, пред четири години.

Ако во јануари 2017 година (со задоцнување) на Американците им стана јасно дека човек кој заскитал во политиката не може да предводи една држава каква што е Америка – само затоа што станал милијардер и водел тв програми – во јануари 2021 година, тоа уште еднаш се потврди – со неговото одбивање да се појави на инаугурацијата на новоизбраниот претседател.

 За сите оние кои се интересираат и прашуваат – нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари

…има напишано Трамп на својот Твитер профил.

Тоа доаѓа само неколку часови подоцна откако прифати дека е празен на претседателските избори од 3 ноември и по одликата на Конгресот на САД да ја потврди изборната победа на демократскиот кандидат на изборите Џо Бајден.

За прв пат по 1869 година

Станува збор за еден преседан во американската политичка историја и во нејзината традиција, на која мнозинството од Американците се горди, затоа што таа церемонија значи потврда за мирниот и демократски пренос на власта, на која традиционално присуствува и дотогашниот шеф на државата.

Таквите преседани го одбележуваат престојот на Трамп во Белата куќа, па на сите нив сега е додадено и „бегството“ на поразениот на изборите од инаугурацијата, што, инаку, последен пат се случило во 1869 година, кога Ендрју Џонсон го „понижил“ својот наследник на претседателската функција одбивајќи да се појави стапувањето на должност на новоизбраниот.

Ваквата одлука, меѓутоа, не зачудува премногу, затоа што таа доаѓа по сето она што Трамп го направи во средата, на 6 јануари.

Прво со тоа што ги повика неговите поддржувачи и симпатизери – толпа ултра десничари, расисти и насилници – да се соберат во Капитол Хил и да протестираат, додека Конгресот расправаше за формалното потврдување на изборот на американските гласачи – за новоизбраниот претседател и потпретседател на САД – а потоа, продолжувајќи да ја пали атмосферата околу наводните фалсификувани избори – практично да ги повика да го нападнат и да го „освојат“ Конгресот.

„Не е изненадување“

А, Долниот дом и Сенатот само ја потврдија изборната волја на Американците кои со уверливо мнозинство го избраа Бајден за наследник на Трамп, што пред тоа го потврдија и електорите, по што требаше да заврши изборниот процес, затоа што електорските гласови се конечни и со нив се избира претседателот на државата.

Само седуммина републикански сенатори се обидоа да ги оспорат гласовите во Пенсилванија.

Но нивниот предлог беше уверливо отфрлен и од демократите и од републиканците, па тие сега ќе останат запаметени по тоа што единствени застанаа зад трамповите со ништо недокажани тврдења за изборна измама, кога тоа не го открија ниту Врховниот суд на САД, а ниту 17 други судови за жалбите и приговорите на републиканците.

Ваквата одлука на Трамп, за Џо Бајден не претставува изненадување. Во својата прва реакција на изјавата дека претседателот на заминување нема да биде на инаугурацијата на новоизбраниот, Бајден рекол само дека тоа е добро! “Ова е едно од ретките работи за која и обајцата се согласуваме. Добро е што нема да биде таму“ – рекол новоизбраниот претседател.

Бајден задоволен

Според него, Трамп (со своето однесување и своите постапки) успеал да ги надмине и најцрните претпоставки што можел да ги замисли и да ги очекува.

„Трамп беше срамота за САД, а беше срамота и за остатокот од светот. Не беше достоен за претседателската функција“ – има речено Бајден.

Покрај Трамп, на инаугурацијата нема биде ниту се уште актуелната прва дама, Меланија Трамп. Според американските медиуми, тие двајцата треба да си заминат од Белата куќа на 19 јануари, но како стојат работите со Трамп и со неговото однесување во овие последни денови, тоа се уште не било потврдено, без разлика на последното негово уверување за мирен пренос на власта.

Останува дилемата, дали на инаугурацијата на 20 јануари ќе се појави потпретседателот Мајк Пенс. Според изјавата на Бајден, потпретседателот би бил добредојден.

Неизвесност околу Пенс

Би ми било чест да го има Пенс на инаугурацијата и во процесот на транзицијата на власта

…рекол Бајден, забележувајќи дека е важно да се одржува историјата и традицијата при преносот на власта од еден, на друг претседател.

Мајк Пенс се покажа максимално коректен и одговорен кон Уставот на САД и кон демократијата, кога одби да застане зад Доналд Трамп, во неговиот неуспешен обид за пуч, одбивајќи притоа и да ја отфрли победата на Џо Бајден на изборите.

Неговата одлука да ја почитува волјата на гласачите, заедно со лидерот на републиканците Мекмичел, помогнаа за ублажување на тензиите по насилничкиот упад на трамповата толпа во Конгресот и за мирното, демократско и цивилизирано завршување на изборниот процес.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе