Поврзете се со нас

Skopje Global

„Киднапирање на вакцините“

Европа/ЕУ

„Киднапирање на вакцините“

Kunalmahto/BigStock.com

„Киднапирање на вакцините“

„Дипломатијата која беше употребена во време на преговарањето околу набавката на новите вакцини против коронавирусот, кога тие се појавуваа, сега се претвори во преговори за киднапираните вакцини“ – изјави во Загреб, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Незадоволен од неочекуваната ситуација во која се најде ЕУ, па на тој начин и Хрватска – а, тоа значи наеднаш да ги снема вакцините кои се договорени, според количествата и темпото на испораката – тој сепак не открива кого на овој начин прозива и кого обвинува за стореното киднапирање на вакцините. Но, инсистира дека во овие први три недели по Нова година, ситуацијата околу вакцините во Европа, наликува на преговори што се водат со киднапери.

Тоа значи дека оној кој е подготвен да плати повеќе и да плати повисока цена за една доза, од цената која ја има платена ЕУ, ја добива таа доза, добива вакцина – гневно има реагирано Пленковиќ.

„Плати поскапо и носи“

Според објаснувањето на хрватскиот премиер се случуваат работи и е создадена една состојба која е сосема надвор од она за што постојат прецизни договори.

И целата таа нова ситуација настана откако се појавија „странки“ кои (од разни причини) се подготвени да платат поскапо, да дадат повеќе пари, за да преку ред (од фармацевтските компании) дојдат до вакцините, затоа што не се врзани за широко и детално направениот договор меѓу сите членки на ЕУ.

Околу кризата која настана со „исчезнувањето“ на вакцините против коронавирусот, ЕУ одржа еден вонреден и на брзина уреден самит, на кој како што е соопштено, сите лидери на Унијата уште еднаш го имаат повторено ставот дека (компаниите) треба да ги почитуваат договорите и обврските кои ги имаат преземено.

Она што меѓутоа не се споменува, а не го споменува ниту Планковиќ, е гневот на земјите членки затоа што компаниите имаат земено пари (од Унијата) за развојот и производството на вакцините, а сега се однесуваат комерцијално.

Не го почитуваат договореното и продаваат вакцини „зад грбот на ЕУ“, според пазарните услови во време на кризи – а тоа значи вакцина добива оној кој ќе плати по повисока цена.

Запрено вакцинирање

Не се споменува ниту во Брисел, во седиштето на Европската комисија кои се таквите купувачи, но според публицитетот во европската јавност, тоа се пред сите Британија и Израел, кои изгледа дека имаат направено резерви од вакцини (платени поскапо), некои од богатите арапски земји, а на Балканот тоа е Србија.

Од Лондон сега доаѓаат информации дека Британците се определиле прашањето на брзото, масовното вакцинирање во услови кога компаниите не можат сите да ги задоволат (и да се чесни во распределбата), да се дели само по една доза од новата вакцина, наместо по две, како што пропишуваат производителите.

За Србија, пак, про-опозициските медиуми тврдат дека властите набавуваат вакцини (или само навестуваат дека ќе набават) до сите кои се огласија дека произвеле анти-корона вакцина, но дека сега државата веќе нема средства (!?) да ја издржи трката со богатите и помоќни земји кои имаат направено и залихи, што веројатно, сега ќе ги користат за препродавање.

Вакцинацијата во Хрватска, инаку, е почната на 27 декември, како и во другите земји членки, со онаа прва, почетна и ограничена доза од вакцини што ЕУ ја доби и ја раздели низ државите во Унијата. Во Загреб, меѓутоа, велат дека таа е веќе истрошена и дека вакцинацијата е веќе запрена.

Земјата има нарачано шест милиони дози (преку ЕУ) од неколкуте производители кои имаат сертификат за произведување на вакцината, но со она што го имаше добиено, во Хрватска се вакцинирани помалку од 60 илјади лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе