Поврзете се со нас

Skopje Global

Жена со 52 пластични операции

Екстра Глобал

Жена со 52 пластични операции

poznyakov/Depositphotos.com

Жена со 52 пластични операции

Американката Синди Џексон (65) е влезена во Гинисовата книга со рекорди како жена која има извршено најмногу пластични операции во светот – вкупно 52 – што е и најмногу во историјата на пластичната хирургија.

Таа самата смета дека со направените корекции сакала само да ја истакне природната убавина, а не да го измени ликот и телото, до степен за да не може да се препознае.

Џексон вака размислува не само за себе и за својот случај, туку таа верува дека така треба да размислуваат и сите жени кои сакаат да се изложат на пластична операција за разубавување.

Американските медиуми кои пишуваат за овој необичен светски рекорд, забележуваат дека кога се споредуваат фотографиите на Синди од времето пред да почне хируршките и други интервенции, со оние како таа сега изгледа, постои голема разлика. Всушност, споредбата открива дека оваа жена од едно мало место во Охајо сега изгледа сосема поинаку – и во секој случај поубаво, за своите години.

Оние кои ја познаваат од порано, се согласуваат дека таа никогаш не била грда и важела за убава жена, но тврдат дека од секогаш сакала да биде поубава. „Сакаше да изгледа така што луѓето ќе остануваат без здив кога прв пат ќе ја видат„ – има речено една нејзина сограѓанка .

Затоа, Синди Џексон, со парите што ги има наследено од својот татко си има купено НОВ ИЗГЛЕД.

Има вложено над 100 илјади долари за разни естетски интервенции – за 14 хируршки зафати и за уште кој знае колку други интервенции за затегнување на кожата, за ботокси, пет пати за лифтинг на лицето и за липосекции. На два пати дури и очите ги има уредувано.

Во секој случај – сите што ја знаат од порано – велат дека како денеска изгледа Синди, никако не би можело да се спореди со жената од пред правените естетски интервенции. Таа, пак, само има речено – „сакав да изгледам подобро”.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе