Поврзете се со нас

Skopje Global

Џил против Меланија

Екстра Глобал

Џил против Меланија

Jim Greenhill from McLean, USA, Jill Biden 161020-Z-DZ751-021 (30394360231), CC BY 2.0

Џил против Меланија

Шест месеци во Белата куќа во Вашингтон има нов претседател на САД, а новата „прва дама“ Џил Бајден за ова време успеа да ги освои симпатиите на Америка – велат најмногу затоа што е сосема различна на претходната – Словенката Меланија Трамп – со својата едноставност и посебно со тоа што настојува да не биде во медиумите тема за која ќе се прават вести.

Тоа е и нормално, со оглед на големите разлики меѓу нив две.

Прво по возраста – Меланија има 51, додека Џил недамна наполни 70 години. Сопругата на бившиот претседател е поранешна манекенка и фото-модел која тој ја има запознаено на една њујоршка журка.

Сегашната „прва дама“, пак, е доктор по педагогија и поранешен професор, која се Бајден е во брак по неговата семејна трагедија – кога во млади години ги има загубено првата сопруга и едното дете, во сообраќајна несреќа.

Гламур и едноставност

За Меланија се зборува како за „кралица на стилот“, што за едноставната Џил не се зборува и за времето кога била сосема млада, или кога ги имала годините на својата претходничка во Белата куќа.

Но, госпоѓата Трамп и покрај нејзиното умеење во облекувањето, за годините минати во Вашингтон, ќе се памети по „гафот“ со една јакна – блејзер што таа го носеше покрај сопругот – претседател. Пред се, затоа што на грбот од јакната беше испишан текстот – „Мене баш ми е гајле. А, на вас“.

Џил Бајден нема никакви амбиции да ја копира Меланија, но придружувајќи го сопругот на Самитот Г-7 што се одржа во Корнвол, на крајниот југозапад од Англија, таа предизвика внимание кај американските и британските медиуми – со своето однесување, а еднаш и со облеката.

Таа ги има воодушевено Британците со фотографијата како на песочната плажа во Карбис Беј, недалеку од Сент Ајвис, боса, со чевлите во рака, си игра со едногодишниот син на Борис Џонсон, заедно со британската „прва дама“ и мајката на малечкиот, Кари Симондс – во моментите додека нивните сопружници „бистреа политика“. Крајно едноставно облечени – и едната и другата – за таа прилика.

Погрешна локација

Во другата прилика, Џил, меѓутоа, се појави исто така во блејзер на чиј грб, исто така, имаше текст – само со еден збор – Love – (љубов). Тоа веднаш предизвика коментари – за тоа што значи и кому зборот му е наменет, но, таа подоцна објасни дека зборот – „Љубов“ не е тоа што јавноста, како прво го има помислено.

„Станува збор за порака за Самитот – со повик за единство и за меѓусебно разбирање на луѓето (и на политичките лидери), пред оваа глобална конференција“ – има речено Џил Бајден.

А, што се однесува до Меланија Трамп и нејзиниот блејзер кој во 2018 година предизвика бранување низ САД, таа има речено дека „пораката била наменета за нејзините критичари и за американските левичари и нивните медиуми“.

Проблемот за поранешната „прва дама“ беше во тоа што блејзерот, со – „Гајле ми е за вас“ – го носеше на патот кон мексиканската граница – за да ги посети децата кои беа разделени од своите родители, илегални имигранти во САД.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе