Поврзете се со нас

Skopje Global

Њујорк: Задолжителна вакцинација за учителите

Вести

Њујорк: Задолжителна вакцинација за учителите

ahavelaar/Depositphotos.com

Њујорк: Задолжителна вакцинација за учителите

Учителите и сите други вработени во јавните училишта во десетмилионскиот Њујорк ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот (Ковид-19), во време кога најголемиот американски град настојува да вакцинира што е можно повеќе свои жители, за да се забави ширењето на сегашниот, многу позаразен Делта вирус.

Според градоначалникот Бил де Блазио, њујоршкото одделение за јавно здравје ќе издаде наредба со која ќе биде задолжително вакцинирањето на 146 илјади вработени во овој, инаку најголем школски округ, во САД. До 27 септември, сите учители и другите ќе мора да примат барем една доза вакцина. Во Њујорк, училиштата почнуваат со настава на 13 септември.

Безбедност за учениците

„Сакам да постигнеме нашите училишта да бидат сосема безбедни во текот на целата учебна година” – изјавил градоначалникот Де Блазио. До сега, околу 63 отсто од вработените во јавното школство во градот, се вакцинирани.

Ваква мерка е донесена, или многу брзо ќе се донесе и за вработените во јавните училишта во Чикаго и во Лос Анџелес, како и во сојузната држава Вашингтон.

Од почетокот на овој месец, во Њујорк се бара доказ за вакцинираност против короната, при влегувањето во рестораните, теретаните и во шопинг-центрите и во големите продавници.

Таа мерка на градските власти, меѓутоа, предизвика гнев кај сопствениците на рестораните и на некои продавници кои најавија дека ќе поднесат тужба против градоначалникот.

Тешкотии со имунизацијата

Локалните медиуми, затоа, пишуваат дека таква реакција треба да се очекува и за одлуката за задолжително вакцинирање на учителите и на сите вработени во училиштата.

Претседателот на федерацијата на учителите веќе изјави дека синдикатите се за тоа децата да бидат безбедни, кога станува збор за пандемијата која се врати во Њујорк, како и тоа училиштата одново да работат, како порано, но забележа дека има работи од наредбата за вакцинирање за која треба да се дискутира.

Според него станува збор, пред се, за тоа кои можат да бидат здравствено изземени од наредбата и дали сето тоа е во склад со законите и со претходните договори на гранковните синдикати.

САД, во секој случај, имаат тешкотии во спроведувањето на планот на масовната имунизација на населението, околу задолжителното носење маски за лицето, посебно, во училиштата, како и околу одржувањето социјална дистанца на јавни места.

Најголем отпор на југот од САД

Во некои делови од Америка, а посебно во конзервативните, јужни сојузни држави, сите вакви мерки наидуваат на отпор од политичарите, особено ако се републиканци – десничари, но и од антиваксерите и граѓани кои од верски причини се против примањето вакцина, иако токму овие делови од САД, сега се најтешко погодени со Делта вирусот.

Во Флорида, на пример, некои училишни окрузи се спротивставија на одлуката на тамошниот републикански гувернер Рон де Сантис, инаку близок до екс претседателот Доналд Трамп и до неговите политички убедувања, кои на јавните училишта им забрани од учениците да бараат да носат маски – како заштита од вирусот.

Сите овие окрузи кои му се спротивставија на гувернерот, сега се соочуваат да бидат казнети од властите на оваа сојузна држава – со прекинување на јавното финансирање.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе