Поврзете се со нас

Skopje Global

Над една година го сокривал телото на мртвата мајка

Екстра Глобал

Над една година го сокривал телото на мртвата мајка

Spitzi/Depositphotos.com

Над една година го сокривал телото на мртвата мајка

Еден 66 годишен Австриец е уапсен, откако полицијата откри дека повеќе од една година, го сокривал мртвото тело на неговата мајка – за да продолжи да ја прима нејзината пензија, како и социјалната помош од државата за негување и финансиско издржување на стари и изнемоштени лица.

Според австриските весници, случајот е откриен во областа Тирол, во околината на градот Инсбрук.

Полицијата интервенирала откако уапсениот станал сомнителен со своето однесување.

Минатиот викенд тие го посетиле во неговиот дом, каде после вкрстеното испрашувањето тој на крајот признал дека мајка му умрела уште во јуни 2020 година. На полицајците им рекол дека наместо да организира погреб, тој ја сокрил смртта од сите соседи и роднини, а нејзиното мртво тело го префрлил во визбата на нивната семејна куќа.

Од тогаш, па се до апсењето ја поткрадувал државата – земајќи пари за пензијата и за негувувањето на „немоќната“ мајка – уверувајќи ги сите дека таа е толку болна што не може никаде да излегува и да се појавува.

Кога умрела, мајката имала 89 години. Полицијата соопштила дека била извршена аутопсија за да се утврди дали жената починала, или пак е убиена – од користољубие – од синот.

Истрагата покажала дека починала од природна смрт.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе