Поврзете се со нас

Skopje Global

Оставка на Курц за спас на владата во Виена

Европа/ЕУ

Оставка на Курц за спас на владата во Виена

Оставка на Курц за спас на владата во Виена

Себастијан Курц не е повеќе канцелар на Австрија, откако се повлече од функцијата за да ја спаси владината коалиција од распад, откако главниот коалиционен партнер – партијата на Зелените- објави дека повеќе не го подржува досегашниот канцелар.

Повод за владината криза е обвинувањето за корупција со кое се соочува Курц , за што е покрената и формална истрага. Полицијата има извршено претрес во просториите на просториите на неговата, владеачка десно-центристичка Народна партија (ОВП), како и на уште неколку други локации, а тој и уште девет други лица се осомничени дека Курц користел владини пари за да си обезбеди повисок углед (од другите) во јавноста, а преку тоа и кај гласачите, преку еден австриски таблоид.

Останува лидер на ОВП

Зелените се заканија дека со другите партии ќе предизвикаат гласање за доверба на канцеларот, а тој несакајќи продлабочување на кризата, го предложи министерот за надворешни работи, Александер Шаленберг за негов наследник на канцеларската позиција.

Веднаш по оставката, Зелените реагираа со подршка за Шаленберг , соопштувајќи дека тие ќе соработуваат со новиот канцелар и истакнувајќи ја неговата „конструктивна улога “ во сегашната политичка и владина криза.

Курц, пак, изјави дека она што сега и треба на Австрија е стабилизација на состојбите и попречувањето на политички хаос во земјата. Тој притоа соопшти дека останува лидер на Народната партија и пратеник во австрискиот Парламент, како и тоа дека ќе направи се што е во неговата моќ да се „исчисти“ од обвинувањата за кои има речено дека „се без секаква основа“.

Главен играч на политичката сцена

Аналитичарите во Виена сметаат дека и покрај оставката, Курц останува најмоќниот играч на политичката сцена . Како лидер на партијата ОВП тој ќе присуствува на седниците на владиниот кабинет, а освен тоа тој е мошне близок со Шаленберг кој е дипломат од кариера.

Сето тоа и понатаму силно го врзува за старо-новата влада и со можноста да влијае врз носењето на нејзините одлуки.

Во 2017 година, Себастијан Курц победи на парламентарните избори и стана најмладиот канцелар (премиер) во историјата на Австрија , но и во Европа. Имаше 31 година.

Обвинувањата за корупција потекнуваат од 2016 година и се провлекуваат се до 2018 , за кога се тврди дека од средствата на министерството за финансии во Виена се користеле пари за „манипулирање со јавното мислење, преку анкетите , на кои требало тој има предност, пред сите другите“.

По вмровска матрица?

Случајно, или не, но скопските вмровци се огласија со исто вакво, од ракав извадено,  обвинување против владеачката во Македонија партија, на почетокот од кампањата за локалните избори, овој месец, откако раководството во Скопје се врати од Будимпешта, по средбата со нивниот избеган лидер- осуденик за криминал кој се крие во Унгарија.

Курц на крајот од есента 2016 доаѓаше во Македонија за да агитира за вмровците, за македонските парламентарни избори таа година, наивно верувајќи дека партијата на избеганиот екс премиер, што сега (велат) го советува Виктор Орбан, е проевропска и на линијата на европските вредности.

Австриецот се откажа од подршката за оваа дружина, кога сфати дека станува збор за проруска, антизападна и деспотска партија која ја имаше заробено Македонија. Од тоа заробување на полугите на власта , државата се уште не може до крај да се ослободи и по минатогодишните парламентарни избори, одржани во средината на август, на кои вмровците одново загубија.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе