Поврзете се со нас

Skopje Global

Хрватска – Претседателот „суспендиран“ од министерот!

Европа/ЕУ

Хрватска – Претседателот „суспендиран“ од министерот!

Dariozg/Depositphotos.com

Хрватска – Претседателот „суспендиран“ од министерот!

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ му забрани на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, во иднина, да ја користи војската (и посебно нејзините ресурси) без негова согласност и одобрување.

Министерот има одлучено – хрватските вооружени сили и началникот на Генералштабот на армијата, Роберт Храњ, да не смеат на било каков да се вклучат, или да бидат употребени за протоколарните потреби и активности на кабинетот на претседателот на државата, без „параф“ на Баножиќ.

Станува збор за политички случај без преседан, не само во оваа земја, туку и во Европа, особено таму каде, како во Хрватска, шефот на државата, по функција ја има и улогата на врховен командант на оружените сили. Излегува дека министерот се става со својата функција, пред функцијата на претседателот, или едноставно го „суспендира“ правото на врховниот командант, дури и за протоколарни работи кога станува збор за војската – како на пример, свечените постројувања.

Политички преседан

Ваквата одлука е донесена само еден ден после „преседанот“ што ги има направено Милановиќ кој во својата претседателска резиденција има организирано промоција и прием по повод врачувањата на чиновите на кадетите, наместо во хрватската воена академија, каде инаку редовно се одржува.

Уште поголем преседан, според загрепските медиуми, било тоа што на промоцијата воопшто не бил повикан министерот за одбрана.

Во реваншот, министерот Баножиќ уште има наредено – за протоколарните активности што ќе се случат без одобрување и согласност на министерството за одбрана, нема да може да се користат средствата на военото министерство. Или, дека таквите трошоци нема да може да се покриваат со парите од буџетот на министерството за одбрана, определени со буџетот на Хрватска.

На последната седница на Советот за безбедност на државата, бил направен обид да се изгладат разликите, за кои се смета дека и нанесуваат штета на угледот на земјата, која е членка на НАТО и на ЕУ, но во тоа не се успеало.

Хаотична кохабитација

Воинствениот министер барал да се одлучи и за тоа како кабинетот на шефот на државата ќе ги користи материјалните ресурси на армијата – мислејќи притоа на воените хеликоптери, но и на бродовите на хрватската морнарица.

За пример е земен патот на Милановиќ во службена посета на Албанија – со брод на морнарицата, што е исто така претставува невообичаен случај.

Сето тоа министерот за одбрана го објаснува и го покрива со законот за одбрана во кој е набележано како и под кои услови се користат средствата на војската. Затоа и за дел од домашната јавност, овој инцидент меѓу министерот и претседателот се третира како пример дека Хрватска е вистински правна држава.

За поголемиот дел од јавноста, меѓутоа, ова е само продолжување на хаотичната кохабитација во која од почетокот на мандатот се наоѓаат шефот на државата и владата, особено што се верува дека сето ова што го има направено министерот е направено со знаење и одобрување на премиерот Андреј Пленковиќ.

Токму меѓу нив двајцата и започна отворениот судир во самиот врв на хрватската политика – што од тогаш е речиси секојдневно присутен во тамошниот политички живот.

Недолична и непристојна полемика

Во текот на летото траеше една остра пресметка со пораки на Твитер на претседателот и премиерот, која на моменти беше и непристојна и невкусна и од двете страни.

Подоцна продолжи околу тоа кој треба и како да предложи кандидати за највисоките правосудни функции, а заврши со забраната на Милановиќ – началникот на Генерал – штабот да зборува на една манифестација, организирана од министерството за одбрана.

На тоа, премиерот Пленковиќ реагираше со изјава дека претседателот „е на пат да изведе државен удар“, дејствувајќи според премиерот, спротивно на Уставот. На тоа Милановиќ одговори со барање да биде сменет министерот, а тој – да се покрене постапка за отповикување на шефот на државата.

Пленковиќ и министерот Баножиќ се членови на владејачката десно – центристичка партија ХДЗ. Милановиќ, пак, е поранешен лидер на социјалдемократите (СДП) и екс премиер на Хрватска. Претседател стана наспроти силната поддршка од ХДЗ, нивната кандидатка Колинда Грабар – Китаревиќ да добие уште еден претседателски мандат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе