Поврзете се со нас

Skopje Global

Грција: Задолжителна вакцинација за постари од 60 години

Здравје

Грција: Задолжителна вакцинација за постари од 60 години

Yakobchuk/Depositphotos.com

Грција: Задолжителна вакцинација за постари од 60 години

Владата на Грција одлучи да ги заостри мерките во борбата со пандемијата со коронавирусот, најавувајќи задолжителна вакцинација – за сите граѓани кои се постари од 60 години. Секој поединец на оваа возраст кој и натаму ќе одбива да прими вакцина, се соочува со парична казна од 100 евра – секој месец.

Ваквата мерка почнува да се применува од 16 јануари.

Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека мерката, колку и да им изгледа присилна на противниците на имунизацијата, е неопходна. Според него, само на овој начин ќе може да се заштитат околу 600 илјади грчки граѓани на оваа возраст кои се уште не се вакцинирани.

„Тоа е цената што мора да ја платиме за општото здравје. Настојуваме да ги заштитиме сите наши сограѓани, па затоа од сега, па натаму, вакцинирањето на луѓето од оваа возраст, станува задолжително“ – рекол премиерот на седницата на владата во Атина.

Во изјавата по седницата, Мицотакис зборувал за тоа дека оние возрасни грчки граѓани, над 60 години, кои не се вакцинирани (и се уште одбиваат да се вакцинираат) сега ќе мораат, до 16 јануари да резервираат термин за вакцинирање, со првата доза, или ќе бидат казнети. Казната не е мала за грчки прилики, затоа што издвојувањето 100 евра – секој месец – за казна, е висок трошок за пензионерите во земја каде просечната пензија изнесува 730 евра.

Во Грција, целосно вакцинирани, се две дози се околу 63 отсто од вкупното население кое се смета дека изнесува приближно 11 милиони.

Од овој ноември, земјата наложи задолжително поседување здравствени пропусници, за да се одделат вакцинираните од оние кои не се. Оние кои немаат т.н. „грин – пас“ карти и не се имунизирани, не може да влезат во затворени простори – како трговски центри, ресторани и бифеа, кина, музеи и теретани.

Од почетокот на глобалната пандемија со короната, во Грција се регистрирани 935 илјади заразени лица. Од вирусот и од последиците од Ковид – 19 како починати се регистрирани околу 18.500 грчки граѓани.

Засега, само Австрија од земјите членки на ЕУ, но од другите држави на Европа, најави дека од почетокот на февруари воведува задолжително вакцинирање – за сите граѓани во оваа земја.

(А.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе