Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Чешка: Намерно се заразила со коронавирусот – и починала

Facebook/Hana Horká

Чешка: Намерно се заразила со коронавирусот – и починала

Чешката фолк пејачка Хана Хорка (57) позната во Чешка како остар анти – ваксер и како противник на вакцинацијата против коронавирусот, почина од последиците предизвикани од Ковид – 19, откако НАМЕРНО се заразила со вирусот. Тоа го има направено за да може да добие корона здравствена потврда, со која би можела да патува и да влегува за да присуства на локации, на кои може да се најдат само оние кои имаат таква потврда.

Во изјавата за медиумите на нејзиното семејство се вели дека се противела на вакцинирањето и повеќе пати одбила да се вакцинира, кога тоа и било понудено. Наместо тоа, самата и намерно се заразила, кога со вирусот, пред тамошните божикни празници, се заразиле (инаку вакцинирани) нејзиниот сопруг и синот.

Тие како вакцинирани лесно поминале со заразата, но таа добиле тешки компликации и починала, по кусо боледување.

„Не сакаше во изолација“

„Не сакаше да оди во изолација, како што и беше наложено, туку се одлучи да се зарази од мене и од татко ми, посакувајќи на овој начин и таа да добие коронавирус, наместо да се вакцинира“ – има речено синот на Хорка, по трагичниот крај на неговата мајка.

На само два дена пред да почине,  се има огласено на социјалните мрежи со порака дека преживеала!

„Ништо не ми е. Преживеав. Беше возбудливо и живописно. Сега ќе може да патувам, на море и насекаде, да настапувам на концерти, да одам во театар и во сауна“ – стои во нејзиното последно обраќање на интернет.

Со одлука на чешките власти, за влез и присуство на разни општествени настани, задолжително се бара потврда за вакцинација, или документ за неодамна прележана болест. Хана Хорка се определила да се инфицира и да заболе од вирусот. Нејзиниот организам, меѓутоа, не реагирал онака како што таа мислела и посакувала.

Обвинување до антиваксерите

Синот на пејачката ги обвинил чешките и сите други антиваксери, за смртта на неговата мајка, изјавувајќи дека “тие со нивната неразумна определба, сега имаат крв на своите раце“. Тој тврди и дека знае кој точно ја има определено нејзината позиција да се спротивставува на вакцинацијата.

„Тажно е што повеќе им веруваше на тие луѓе, отколку на своето семејство кое ја убедуваше да прими вакцина. Повеќе им веруваше на некакви тези за стекнување природен имунитет, на тој начин што ќе се изложиш на вирусот и на болеста“ – гнево има изјавено за тамошните медиуми синот на пејачката.

Во Чешката Република, бранот од новозаразени лица, во кои доминантен е вирусот Омикрон, постојано и секој ден се зголемува. Во понеделникот, на 17 јануари, за само 24 часови се регистрирани над 20 илјади новозаразени чешки државјани.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе