Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Германија: Полициска рација против лажните ковид потврди

Lukassek/Depositphotos.com

Германија: Полициска рација против лажните ковид потврди

Германската полиција покрена масовна рација и потрага по откривањето лажни ковид потврди, што се во оптек на територијата на Геманија.

Овие потврди – грин пас карти – би требало да ги поседуваат само оние кои се вакцинирани против коронавирусот, за да се разделат од невакцинираните – во борбата со вирусот кој продолжува да се шири низ Германија и низ Европа.

Истрагата е главно насочена на тоа да се откријат – како што се верува – илјадници лажни, фалсификувани ковид потврди кои Германците ги купуваат на „црниот пазар“ – најчесто на интернет – каде отворено се нудат. Меѓутоа, рацијата има за цел и за да им се влезе во трагата на фалсификаторите.

Строги казни

Се смета дека лажните потврди го поттикнуваат анти – ваксерството, ја хранат недовербата кон вакцинацијата и помагаат за одржување на високиот раст на новозаразени лица – сега  со најновиот мутант Омикрон кој, инаку, се шири многу побрзо од претходните корона вируси.

Според германските медиуми, кои се повикуваат на сознанијата од 16 – те покраини во Германија, во тек се над 12 илјади вакви истраги.

Операциите на полицијата се интензивирани од минатиот месец, веднаш штом властите објавија нови построги мерки и нови ограничувања за сите кои не се вакцинирани. Мерките се главно сведуваат на тоа, овие луѓе да се исклучат од јавниот живот – од патувањата, од посетите на кината и театрите, концертите и другите локации каде се собираат многу луѓе.

Во борбата со фалсификуваните потврди, властите употребуваат и цела низа казнени мерки.

Најчесто тоа се парични казни, но новите законски прописи предвидуваат и условни затворски казни, па дури и губење на работното место, за оние кои учествуваат во делењето (продавањето) лажни потврди, или во користењето лажна здравствена ковид карти.

Обвинителствата почнаа да отвораат истраги за убиство од небрежност или за ненамерно убиство во случаи кога лажни потврди им се продадени, или се користени  на лица преку кои подоцна, други  се заразиле и починале од последиците на короната.

Обвинувања за ненамерно убиство

Едно локално обвинителство, има покренато обвинување против жена која поседувала (фалсификувана) потврда според која таа била уредно вакцинирана. Но, не била , а истрагата утврдила дека со помош на лажниот документ се пријавила за работа во  дом за тешко болни и немоќни лица, иако во нејзиното семејство – неколкумина веќе биле заразени со коронавирусот.

Германија се подготвува за донесување закон за задолжителна вакцинација на целото население – по углед на Австрија, чиј закон стапува на сила на 1 февруари – за да се заштити јавното здравје и јавниот здравствен систем.

Се очекува, наскоро, за законот да се покрене дебата во германскиот Бундестаг, иако министрите признаавт дека таа ќе трае неколку месеци, пред да може да се гласа и владиниот предлог- закон да се усвои и да стапи во сила.

Во земјата досега се вакцинирани 73 отсто од населението, со две дози, додека помалку од 48 отсто имаат примено и трета т.н. бустер – доза. На 19 јануари германските власти имаат пријавено нова рекордна бројка од новозаразени – 113 илјади за само 24 часови, како и 240 починати во еден ден.

(Б.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе