Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Побегнал од Путин- го дофатил Орбан

TTstudio/depositphotos.com

Побегнал од Путин- го дофатил Орбан

Рускиот вселенски научник и експерт за ракетни горива Анатолиј Лазарев, уште пред четири години побегнал од Русија, за да не се најде во затвор, или во некој работен логор и се населил во Унгарија, верувајќи дека таму ќе има мир и ќе ја добие посакуваната безбедност.

Но и во Унгарија го достигналс  долгата рака на руската тајна полиција, па унгарските власти- наместо да го остават човекот да рабори, па дури и да го користат неговото знаење,  го имаат ставено во домашен притвор, со електронска нараквица на раката.- за да не им побегне – на Унгарците и на Русите.

Електронска нараквица

Ваква е судбината која го има снајдено Русинот Лазарев, само затоа што не знаел со кого си има работа во денешна Унгарија- и над се, затоа што не го познава режимот на Виктор Орбан кој е најголемиот сојузник и подржувач на Владимир Путин во ЕУ и во Европа, од кого, инаку, рускиот вселенски експерт има побегнато.

На средбата со новинарската екипа на Би-Би-Си во Будимпешта, Лазарев не ја сокривал нараквицата со која е обележан и која има задача да испраќа сигнал до приемникот што е сместен во неговата дневна соба, преку кој Унгарците го следат неговото движење.

Ставен е „под клуч“за да не може да оди подалеку од куќата во која живее, во очекување на одлуката на унгарските власти -што да направат со него, со неговата сопруга и со нивните две деца.

А, пресудата  што ја очекува може да биде – или да му се дозволи да остане во орбанова Унгарија, како азилант, или да биде протеран од земјата- во најлош случај- да биде вратен назад во Русија.

Милон долари за Обединета Русија

Лазарев не е било кој, затоа што има работено во „Роскосмос“ и во својата приватна компанија на системот за горива за  руските ракети „Спутни“ , „Протони“ и „Ангара“.

Меѓутоа, неговиот свет почнал да се урива од 2012 година, кога од неговата компанија , инаку фирма-ќерка на Роскосмос властите побарале пари за партијата на Путин – Обединета Русија- Требало да се уплати еден милион долари- во руски рубли.

Научникот, одбил да даде пари за партиски цели, па веднаш против него била покрената хајка, со официјална истрага , што ја има покренато државното обвинителство. Потоа, случајот го има преземено военто обвинителство, а секој ден го посетувале оперативци на тајната служба ФСБ ,  наследничка на поранешната , советска КГБ.

Врз Лазарев се вршел силен притисок да ја смени својата одлука, да даде пари за Обединета Русија и да „биде мирен“- како што тоа често му го повторувале полициските инспектори.

Кога станало јасно дека наушникот ќе мора да се определи- или да плати за путиновата партија, или да заврши во затвор, со некое измислено обвинување дека е „криминалец“ , или дури дека „ работи за странство“ , Лазарев се одлучил, сепак, да не дава пари за владеачката ( и единствена) руска партија- особено после  малтретирањето на кое бил изложен.

Бегство во погрешна земја

Но,  сега веќе било сосема јасно дека повеќе не ќе може да остане и да живее во Русија.

Во 2018 година, успеал да побегне со својот автомобил , преку територијата на Белорусија, земајчи го со себе целото свое семејство. Претходно, измамувајќи ги властите дека ќе патува на Запад, откако резревирал карти за авионскиот лет од Москва до Виена.

Се одлучил да побегне во Унгарија. Сега вели дека земјата му изгледала убава и пристојна за мирно живеење, но очигледно многу погрешил.

Набргу по пристигнувањето, во 2019 година, унгарската полиција го уапсила- како што му рекле по потреница од руското државно обвинителство- како да станува збор за тежок злосторник. Апсењето било извршено веднаш откако неговиот адвокат во Будимпешта поднел барање за добивање азил.

Во 2020 година, унгарскиот Врховен суд пресудил, наместо во затвор, Русинот да се префрли во домашен притвор, до донесувањето на конечната одлука за давање азил, затоа што првично- азилот му бил одбиен, со циничното унгарско објаснување дека – руските власти „гарантираат дека барањето за екстрадиција не е политички мотивирана и нема да води кон политичко прогонство“.

Политички игри

Во таа приказна на Москва и на орбановата власт никој не верува, па бил покренат Хелсншкиот комитет за човекови права. Од таму е стигнато толкувањето дека сите досегашни одлуки и решенија на Унгарците , околу азилот и одбивањето- се политички мотивирани.

Адвокатите на Хелсиншки се уверени дека во случајот на Лазарев се замешани политиката и големата блискост на Орбан со Путин , како и дека „пресудите“ не се на комисијата за имигрантски прашања, туку на владата во Унгарија, која на секој начин настојува да и угоди на Москва . Глупаво да се верува дека унгарската страна постапува според законите, а уште помалку според оние на ЕУ.

Во услови на големата блискост на Орбан со рускиот претседател, како и на улогата што Унгарецот ја има во ЕУ- како руски „Тројански коњ“ останува неизвесна судбината на Лазарев и на неговото семејство и разбирлив е стравот дека тој би можел да „пресуди“ во случајот и да го протера рускиот експерт- назад во Русија- во затвор.

Само доколку тоа му го побара Путин кој во Унгарија има сила да определи кој може да добие азил, па дури и да е криминалец. Важно за азилатот е да биде во служба на Кремљ , како во случајот со побегнатиот екс македонски премиер – осуден за криминал, кого Орбан го чува на барање на Москва.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе