Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Њујорк и Сингапур најскапи градови за живеење

Њујорк и Сингапур најскапи градови за живеење

Њујорк и Сингапур се прогласени за најскапи за живеење во истражувањето на угледниот британски неделник „Економист“, со кое биле опфатени 172 градови ширум светот. Тел Авив кој беше рангиран како најскап грд во минатата 2021 година, сега е на третото место.

Руската агресија врз Украина и војната што се води во таа земја, незалечените последици од корона пандемијата, како и  сегашните крајно ригорозни анти-ковид мерки што ги спроведува Кина, според експертите се причина за драстичниот скок на цените на глобално ниво.

Највисок раст на цените

Украинската војна и кинеските епидемиолошки мерки предизвикуваат застој и проблеми во снабдувањето , предизвикувајќи раст на каматните стапки и на вредноста на валутите, а сето тоа, општ скок на цените насекаде низ светот- оценува „Економист“.

Цените на глобално ниво се повисоки за 8,1 отсто, што претставува највисок скок во последните 20 години.

Животот е значително поскапен во Русија, а посебно во двата најголеми градови Москва и Санјт Петербург , во просек за над 80 отсто, какко последица на санкциите на ЕУ, САД и Британија. Но, тешко се погодени и западните градови – и тиа поради војната што Русија ја води против Украина. Пред се, со растот на цените на гасот и на струјата, што во просек се зголемени за за 30 отсто. На глобално ниво, поскапувањето изнесува 11 отсто.

Анализа на 200 производи и услуги

Најголема инфлација, сепак, има во Венецуела, а тоа предизвикува главниот град Каракас да има регистрирано скок на сите цени , во просек, од 132 отсто. Сето тоа во услови на долготрајна хипер-инфлација со која живее оваа јужноамериканска земја, инаку, производител и извозник на нафта.

Најевтини градови за живеење се Дамаск во Сирија, како и Триполи во Либија. При правењето на листата на градовите според условите за живот, се користени цените на 200 основни производи и услуги , во период од еден месец- меѓу 16 август и 16 септември.

Анкетата открива дека Њујорк е прв пат прв на листата, додека Сингапур е по осми пат на првото место по скапотијата во изминатите десет години.

Дури 23 американски градови се на листата од 172 градови кои се анализирании, најмногу поради скапиот долар во однос на еврото и британската фунта, како и на јапонскиот јен.

Најголем пад кај Стокхолм и Луксембург

Поевтинувањето на европските валути предизвика градовите во ЕУ/Европа годинава да се пониско рангирани од обично.

Лондон , Париз и Женева ги нема при врвот, додека Токио и Осака, на пример,  овојпат се рангирани како 37 и 43 во светската листа. За споредба, во минатата година биле на 13-то и на десето место.

Најголем пад имаат забележано Стокхолм и Луксембург- сега се наоѓаат дури  на 99-то и на 104 место. Тоа посебно е изненадување за  Луксембург кој едно време редовно беше и меѓу најскапите европски градови.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе