Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Каналите во Венеција-без вода

Каналите во Венеција-без вода

Ниското ниво на Јадранско Море предизвика голем број од каналите да останат без вода и да пресушат, а  другите да останат на најниско можно ниво. Тоа предизвика венецијанските гондоли да останат на суво, гондолиерите без работа, а властите да наредат запирање на сообрачајот на такси бротчињата и на популарните вапорета ( автобусите на вода)- за да се спречи некоја несреќа.

Целата оваа ситуација во Венеција е сосема различна од онаа во минатата година, некако во истото ова време, кога вода ( од надојденото море) имаше насекаде. Не само во сите канали на овој единствен град во светот, туку и на плоштадот Свети Марко- главното сврталиште за милионите туристи. Лани во ова време, Венеција беше соочена со поплава.

И ситуацијата од пред една година, а и сегашната, меѓутоа, за жителите на овој италијански град, како и за експертите е сосема нормална и вообичаена. Зависи од приловот и од одливот на морската вода. Ако лани беше вообичаено главниот плоштад да се минува во високи чизми, сега е нормално гондолите да се на днотона пресушените канали.

Локални познавачи на приликите велат дека така секоја година- главно во јануари и февруари- си „играат“ плимата и осеката. Но, ниското ниво на морето не е единствената причина за каналите без вода. Оваа ситуација годинава е проследена и со антициклонот со зголемен атмосферски притисок кои го попречува менувањето на состојбата.

Зимското пореметување на времето, со ветер и со секојдневен дожд, го зголемуваат нивото на морето. Тоа, оваа година не се случува и затоа каналите се суви .

Што се однесува до плавењето на Венеција, во 2020 година беше пуштен во работа системот „Мојсие“- систем од вештачки брани што се активира кога нивото на Јадранот ќе се зголеми за 110 сантиметри.

Годинава овој проект вреден милијарди евра и направен со италијански и европски пари за да ги спаси градот и лагуната, е без работа. Наместо многу вода, Венеција сместена во каливата лагуна остана без вода.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе