Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Индија: Полицијата „вработува” голуби

dadalan real

Индија: Полицијата „вработува” голуби

Во денешното време на моќниот и брз интернет и масовната комуникација, полицијата во Индија има „вработено“ , на постојан ангажман- голуби- во случај да дојде до прекин на комуникацијата, а тоа во оваа голема азиска земја често се случува. Посебно кога станува збор за било каква катастрофа или за голема кризна ситуација.

Како пример за оваа невобичаена пракса, во 21 век, се споменувааат полициските власти во индиската сојузна држава Одиша, се признава дека чувањето јато со голуби-писмоноши имаат голем број полициски станици во целата земја.

Голубите биле користени во времето на колонијалната британска власт во 19 век, но и сега, државната служба за голуби, за пренесување пораки, има “врботено“ над 100 од овие птици.

„Ја задржавме оваа „техологија“ за одржување комуниација , поради се она што голубите имаат направено во минатото, но и како наследство за идните генерации“- има изјавено претставник на службта.

Полицијата тврди дека голубите може да летаат со брзина од 55 км. на час , на одлечениост до 800 км.

Според податоците на полициските власти, во изминатите 40 години, овие птици барем на два пати ја спасувале ситуацијата во разни кризи. Се споменува 1999 година, после една голема временска непогода, кога сите комуникациски врски биле прекинати, а и времето на катастрофалните поплави во 1982 година.

Голубите, обично, носат пораки  напишани на мошне лесна хартија, ставена во мала капсула што е заврзаана за нивната нога.

Разни студии кои се направени во Индија покажуваат дека голубите може да детектираат магнетски полиња и да определат локација на одалченост и од неколку илјади километри.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе