Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Почина писателот Милан Кундера

Почина писателот Милан Кундера

Чешкиот писател Милан Кундера познат по својот роман „Неподносливата леснотија на постоењето“ почина во Франција во 94 година од животот. Засега не се познати детали за причините на неговата смрт.

Почина како француски  писател , затоа што  долги години живееше и работеше во оваа земја, објавувајќи ги своите последни  дела на француски јазик.

Роден е во Брно, во 1929 година , во тогашна Чехословачка, денешна Чехија.

Време на политички превирања

Има напишано десет романи, три поетски збирки, потоа збирки со раскази како и многу литерарни есеи. Во литературата е познат по длабоката филозовска тематика и по политичкиот наратив застапен во речиси сите негови дела.

Романот кој го направи светски познат автор – „Неподносливата леснотија на постоењето“- е објавен во 1984 година .

Во него се следи животната приказна на брачната двојка Томаш и Тереза во времето на познатата Прашка (политичка) пролет во 1968 година. Тоа е време  на силни политички превирања во тогашна Чехословачка, во кое двојката се соочува и со неверствата на сопругот, а сето тоа гледано низ објективот на ничеовската метафизика.

„Шега“ за советскиот комунизам

Во 1988 година по романот беше направен и филм, со Даниел Дел Луис ,  Жилиет Бинош и Лена Олин во главните улоги . Кундера не беше задоволен од тоа како беше направен филмот, па од тогаш одбиваше да даде согласност за филмување на било кое негово дело.

Неговиот прв роман   „Шега“- е сатира за комунизмот во времето на  тогашниот советски модел на  комунизмот во целата Источна Европа. Романот беше објавен во 1967 година.

Книгата која  брзо стана позната и популарна и надвор од чехословачките граници ( беше преведена на македонски јазик уште во почетокот на седумдесетите години на 20 век), меѓутоа му донесе многу проблеми на авторот од тогашните (просоветски, комунистички) власти во Прага.

„Антидржавен елемент“

Кундера беше  означен како „непријателски, антидржавен елемент“ а тоа , на некој начин, го има обележано целиот негов натамошен  живот, како автор и писател.

Својот последен роман го има објавено во 2014 година, во Франција,  каде пребега во 1975 година за да живее во егзил,

Во неговата родна земја му беше одземено чехословачкото државјанство , па тој уште во 1981 година стана државјанин на Франција.

Иако во 2019 година  државјанството му беше вратено, Милан Кундера   одлучи да остане во Франција ,  делувајќи  само како  француски писател.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе