Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кремљ зборува за условен мир

Кремљ зборува за условен мир

Владимир Путин , по средбата со африканските лидери  изјави дека не ја отфрла идејата за одржување мировни преговори со Украина, иако претходно ги отфрли африканските предлози за запирање на војната, по руската агресија од пред 18 месеци.

Сега вели дека кинеските и африканските мировни иницијативи би можеле да бидат – „основа за изнаоѓање мировно решение“ .

„Нова територијална реалност“

Во оваа прилика, рускиот претседател не зборувал за тоа како би можело да изгледа  мировно решение кое би го прифатиле и Москва и Киев, кога се знае дека и двете страни имаат речено оти не би можело да седнат на преговарачка маса без исполнувњето на  претходно поставените услови.

Киев инсистира дека „никако нема да прифати некаква  „нова територијална реалност“, како што Москва ги третира  анексијата иа украинските земји што ги има окупирано, што за Русите е  завршена работа.

Станува збор за  анектирани украински територии – полуостровот Крим, потоа Луганск и Донецк ( Донбас), како и Хершон и Запорожје  кои театрално беа прогласени за „руски земји“ на церемонија во Кремљ.

Освојувачка војна

Русија по извршената инвазија, измислуваше низа оправдувања за покренувањето вистинска војна на европскиот континент, извршувајќи агресија во  хитлеровски стил против една суверена држава, членка на ОН, уште и руска сосетка.

Се покажа, меѓутоа, дека намерата на Путин била само освојување туѓа територија, со оцепување на Истокот и Југоистокот н Украина и нивното приклучување кон Русија. Како што тоа претходно се направи  со анектираните Абхазија и Осетија од Грузија.

Изјавата на Путин за некакви преговори за мир, инаку доаѓа во време кога Киев зборува за  својата контраофанзива против руските агресори, која никако да добие во интензитет.

Неверување во рускат искреност

Но, изјата е дадена  и по претходната  реакција на руската страна, која прогласувајќи ја украинската офанзива за неуспешна и покрај бројното странско оружје, навести  дека сега ќе уследи руска контра-офанзива.

Во изјавата по разговорите со африканските лидери , Путин во саботата, зборувал поинаку. Не само што не споменал  нова офанзива, туку бил  категоричен дека Москва „( засега) нема планови за интензивирање на воените операции“ против украинските сили“.

Малкумина, затоа, веруваат во искреноста на рускиот претседател кој досега  повеќепати ја има измамено и домашната и меѓународната јавност со изјави во ваков стил.

Особено што непосрдно пред изјавите за мировни преговори, Русија ги интензивира своите напади врз цели во Украина.

Уценување со пшеницата

На југоистокот од  земјата, како и во реонот на големите градови, како што се  Харков и Лавов.

Но, и во непосредна близина на романската граница во дунавската делта, околу речните пристаништа  на Дунав, на украинска територија, на само 300 метри од границата со  Романија, земја членка на НАТО.

Оваа интервенција уследи по едностраната одлука на Москва да се повлече од договорот ( направен со посредство на ОН и на Турција) за испорака на украинското жито и маслодајните семиња.

Нивниот  извоз има   витално значење за украиската економија во сегашните воени услови, а е важен  и за стабилноста на глобалниот пазар за храна.

На 300 метри од  Романија

Се верува, затоа,  дека нападите врз пристаништата во украинскиот дел на делтата на Дунав имаат за цел да се уништува инфраструктурата на Украина , за извоз на нејзините производи.

Руската намера  е да се  предизвика економски колапс на земјата,  за да таа  биде принудена да прифати мир, каков што посакуваат Москва и Путин.

Откако земјата остана без окупираното Азовско Море и (сега)  без црноморскиот коридор , затоа што украинските пристаништа на Црно Море, Русите може да ги стават под поморска блокада.

Поради тоа, мирот кога за него зборуваат Путин и Кремљ, делува нестварно и крајно неискрено. Затоа што изјави во стилот дека – мир може веднаш да има- од Москва се слушале и порано, сите условени.

Откажување од 2о отсто територија

Прво, со барање Киев да се откаже од НАТО и ЕУ, па од „нацизмот“ и од „агресивноста кон Русија“, а  потоа дека војната може да заврши доколку украинската страна ја прифати “новата територијална реалност“.

Тоа значи, земјата да се откаже од 20 отсто од својата државн територија.

На тоа, од Киев порачуваат дека „тргнуваат кон ослободување на Крим“.

А, само 24 чаови по путиновото обраќање кон политичките гости од Африка, на кои им делеше жито и им  ги простуваше долговите ( од советско време), од Украина уследи напад со дронови врз Москва, одалечена 500 км од украинската граница.

Напад врз Москва

Нема загинати како што има во украинските градови, но и Кремљ сега признава дека целта на овие напади е да се исплашат Русите од војната која и натаму ја подржуваат.

Се јавува за оштетени фасади на неколку згради во близината на ударот, како и за тоа дека неколку часови бил затворен аеродромот „Внуково“ и дека имало ранети, но дека нема жртви.

Официјален Киев,пак,  призна дека стои зад нападот на главниот руски град. Претседателот Зеленски има речено дека на овој  начин „војната се враќа во Русија,  од каде тргна против Украина“.

Донбас за Крим

Според Зеленски, нападот врз руската територија , затоа, е „неизбежен , природен и апсолутно фер  процес во во војната меѓу двете земји“.

Нападот со дронови од неделата во раните утрински  часови, исто така  е можност на украинската страна да им се обрати на Русите кои и натаму веруваат дека инвазијата била оправдана.

Како и да е, некои европски аналитичари веруваат дека Путин (овој пат) можеби е искрен кога зборува за можноста за мировни преговори.

Тие  сметаат дека  околу тоа би имало големо пазарење и дека рускиот претседател би можел дури и да се откаже од Донбас, доколу Киев би се откажал од Крим.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе