Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Албански криминален клан во Австралија

Албански криминален клан во Австралија

Австрлиската разузнавачка агенција за борба со оргнизираниот криминал го сомничи Том Доши , водечки албански бизнисмн и политичар дека раководи со криминална група која делува во Австралија- вклучена во имигрантски измами,  шверц на дрога и  перење пари.

Според домашите медиуми кои се повикуваат на наодите на разузнавачите , за што е направен детален извештај чии деталите медумите можеле да ги видат, Доши е означен како лидер на криминален клан, затоа што во групата се вклучени низа членови од неговото семејство- поблиски и подалечни роднини.

Шверц на дрога, оружје и луѓе

Групата ( кланот) има изградено широка мрежа која вешто ги користел слабостите на австралискиот имигрантски систем, за внесување во земјата  нови членови во  Аделеид, во Мелбурн и Перт, како и на територијата на Нов Јужен Велс

Истрагата има откриено дека бандата составена само од Албанци од Албанија, илегално одгледувала и канабис, а шверцувала и оружје  и дрога (кокаин).

Доши важи за моќен  албански бизнисмн за кого се знае дека во еден период бил близок и со актуелниот албански премиер.

Но, австралиските власти , сега, го сомничат за цела низа криминални дела, направени на австралиска територија.

Изградена криминална структура

Овој криминален клан потекнува од градот Скадар, во североисточна Албанија.

Утврдено е дека кланот систематски ги има злоупотребувано австралиските имиграциони прописи за внесување нови луѓе со кои била изградена криминална структура низ јужна Австралија.

Во направениот извештај, што им бил даден на увид на весниците „Ејџ“ и „Сиднеј Морнинг Хералд“ може да се види дека од 2000 година, кланот се користел со измами при правењето имиграциски документи, користејќи и семејни врски во службите за имиграција, за внесување Албанци во Австралија.

Осумина роднини на водачот на кланот се тврди дека се инволвирани во шверц на дрога и перење пари. Сите имаат австралиски документи, но само еден од нив е соочен со обвинување.

Без обвинување за  Том Доши

А, Доши кој има поминато многу години и во двете земји, досега за ништо не е обвинет во Австралија.

Во Албанија,пак тој има иградено бизнис империја користејќи ги бенифициите од договори направни со државата.

Во 2018 година, меѓутоа, Американците го прогласуваат за „персона нон грата“ , осомничен за корупција, по што бил присилен  да го напушти пратеничкото место во Парламентот на Албанија, после низа разни скандали.

Том Доши, од своја страна,  за себе вели дека никогаш не бил замешан во шверц на дрога и луѓе, или на оружје , ниту ги има злоупотребувано имиграциските прописи, било во Австралија, било во некоја друга земја.

Освојување на имигрантскиот сектор

Демантира дека има врски со било која криминална група и во двете земји. Притоа, на Фејсбук има ставено н фотоси од приемот и средбата што ја имал со папата Франциско, прикажувајќи се како посветен католик.

Австралиските медиуми, меѓутоа, пишуваат дека криминалното, албанско подземје, откриено во Австралија е раширено во низа европски земји, како Италија и Британија, на пример.

Објаснувајќи дека албанските банди   се добро органиирани, дека сакаат да доминираат, но дека првата работа што ја прават (насекаде) е да го запоседнат имиграцискиот сектор. Потоа, можат да шверцуваат нови, свои луѓе таму каде делуваат.

Санкциониран од Американците

Австралиските разузнавачки документи откриваат дека  групата  регрутира нови луѓе од регионот од каде потекнува кланот, а тоа во случајот на Доши  е Скадар, од каде и тој потекнува.

Многу често новите се измамуваат со ветувањето дека ќе добијат „добра  и пристојна работа’“, претходно обезбедувајќи  им лажни изјави дека се политички бегалци. Но, во сето ова, не ретко затајува и австралиската држава.

Во 2922 година, двајца роднини на Доши биле уапсени во Аделеид, базата на кланот на австралиска територија.

Биле обвинети за шверц на кокаин во вредност од 1,6 милиони австралиски долари. Случајот, меѓутоа, е „замрзнат“ а обвинетите повеќе не се на територијата на Австралија.

Насилство и судири со законите

Слично минува и самиот Доши во Албанија. Кога во 2016 гоина бил притворен за напад врз еден полицаец, бил брзо ослободен, затоа што нападнатиот се откажал од тужбата.

Австралијанците го имаат истражувано и самиот Том Доши и притоа откриваат дека овој криминлен бос има направено богатство во фармацевтската и градежнта индустрија.

Но неговата кариера  е исполнета и со насилство , со судири со законот и со обвинувања за корупција.

Во Австралија е дојден уште во 1997 година, во Аделеид, каде почнува да купува  разни имоти. Во Албанија ,пак,  во 2005 година  станува политичар и им се приклучува на тамошните социјалисти.

Пратеник во албанскиот Парламент

Според албанската опозиција, им има дадено половина милион евра на социјалистите. Кога тие во 2013 година доаѓаат на власт, Доши станува пратеник, па се тврди дека  е близок со премиерот Еди Рама.

Дури во 2015 година , австралиските власти му  ја укинуваат дозволата за престој, а во Албанија, таа година, социјалистите го исклучиле од партијата.

Доши останува во Парламентот како независен пратеник, уште извесно време,  пред да биде набркан од политиката.

Рама кој се уште е премиер има речено дека Том Доши никогаш и не бил вистнски социјалистички пратеник. Едноставно,  самиот се има приклучено кон владеачката партија на Албанија.

(И.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе