Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Венеција – загрозено културно наследство

Венеција – загрозено културно наследство

УНЕСКО препорачува Венеција да се најде на списокот на загрозените културни наследства во светот, веќе заштитени со одлука на  оваа организација на ОН за образование, наука и култура.

Пред специјалната конференција на организацијата што е предвидено да се одржи во Ријад, во Саудиска Арабија, во септември, УНЕСКО ја повика италијанската влада да обезбеди „најголема можна посветеност“ за решавање на – како што е речено- „ најголемите проблеми на Венеција, која со години се бори со преголемиот број туристи и со последиците од климатските промени“.

Венеција е едно од вкупно 1157-те места и локалитети во светот кои се под заштитата на УНЕСКО. Сите тие се ставени на оваа привилегувана листа поради нивните големи културни вредности и  природната понуда.

Сегашната препорака Венеција да се прогласи за загрозена ја има дадено УНЕСКО, но и цела низа експерти на советодавното тело на организацијата, затоа што постои сериозна загриженост за опстанокот на нејзините унивезрални вредности.

Се тврди дека во Венеција не е забележан позначаен напредок за разрешување на долгогодишните проблеми со кои се соочува градот врзани за масовниот туризам ( Венеција има 150 илјади жители, а годишно прима до 15 милиони туристи) , потоа со развојните програми , како и со глобалните промени на климата.

Пропаѓањето  и оштетувањето на градежната структура на градот на вода и деградирањето  на неговиот идентитет, по што е единствен во светот , е она шо ги загрижува и експертите и УНЕСКО .

Особено што оваа година  Венеција се соочи не само со поплавувањето на неговите плоштади, туку и со пресушување на неговите канали. Сликата со гондолите на суво го вчудоневиди светот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе