Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Барби„ веќе заработи една милијарда долари

„Барби„ веќе заработи една милијарда долари

Филмот „Барби“ досега има заработено над една милијарда долари, само од прикажувањето во кино салите низ САД и низ светот- објави компанијата „Ворнер Брос“. Филмот се прикажува околу три недели и податокот за финансискиот успех го имаат потврдено и неколку  специјализирани фирми кои ги контролираат работењето на компаниите.

Претставник на одделот за домашна дистрибуција на „Ворнер“ изјавил за американските медиуми дека тој и неговите соработници се пријатно изненадени од големата гледаност на филмт и од  ваквиот  финансиски резултат.

„Ние не остануваме често без зборови од пласманот на некој филм, но „Барби“ ги надмина сите наши најоптимистички предвидувања“- рекол овој претставник.

Филмот го режира Грета Гервинг, позната сценаристка и режисерка, претходно веќе номинирана и за наградата Оскар. Досегашнте финансиски постигнувања на овој нејзин филм претставуваат и рекорд во Америка за филм на една жена режисер.

Главните улоги, во ликовите на Барби и на Кен, ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг. Во филмот станува збор  за доживувањата на легендарната кукла, која тргнува во авантури низ реалниот свет.

Според заработувачката, „Барби“ е сепак втора во САД годинава. Пред неа е филмот „Супер Марио“ со заработени 1,3 милијарди долари, но овој филм се прикажува од април.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе