Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Газа- појас за кој постојано се војува

Газа- појас за кој постојано се војува

Минијатурниот појас Газа- сместен меѓу Египет и Израел- одново е повод за ново војување и за уште еден судир на Блискиот Исток, отворајќи го повторно  прашањето за оваа палестинска енклава. Таа  безмалку  две децении се наоѓа под контрола на милитантната , исламистичка организација Хамас, која постојано потикнувајќи го насилството и теророт, владее така што го одржува хаосот и сиромаштијата на тамошното население.

Светот се врати на ова прашање изминатите неколку денови, кога после нападот на терористите на организацијата врз јужен Израел, од таму уследи жесток одговор и објава за војна во која како и секогаш и сега најмногу ќе страдаат цивилите. Палестинците кои таму живеат и кои Хамас и оние кои го подржуваат ( обично) ги користат како жив штит во пресметките со израелските оружени сили.

Најгусто населена територија

Станува збор за тесен појас кој на северот и на истокот се граничи со Израел, на запад излегува на Медитеранот, а на југот е Египет, Тоа е територија од 360 квадратни километри, само 41 км. долга и широка меѓу шест и 12 км.

Но, на тој простор живеат два милиони Палестинци, односно скоро шест илјади луѓе на квадратен колометар. Тоа ја прави Газа да биде една од најгусто населените територии во светот.

Енклавата нема ниту нафта , ниту гас, она по што е  познат поширокиот регион, ниту било какво друго природно богатство, а нема ниту  доволно вода. Но затоа во случајот на Газа од секогаш имало многу политика и простор за манипулирање со политички интереси од разни страни.

Археолозите велат дека овој простор, сепак, бил континуирано населен уште од 3200 година пред нашата ера и така останал во следните илјада години. После тоа, Газа била под асириска, вавилонска, римска, арапска и христијанска доминација.

Еднострано повлекување на Израел

За овој појас , сепак, повеќе се знае и се зборува во текот на 20 век, по создавањето на државата Израел во 1948 година, од кога е под контрола и во посед на Египет. После шестдневната јунска војна во 1967 година,  меѓу Израелците и трите арапски земји- Египет, Јордан и Сирија- во која Арапите беа поразени, Газа беше запоседната од Израел- како важна стратешка точка за контролата на израелскиот југ.

Остана во израелски раце се до 12 сптември 2005 годинам кога , во склад со т.н. договор од Осло- за постоењето на две држави – Израел и Палестина- една покрај друга- Израелците се повлекоа од Газа, наредувајќи им и на израелските доселеници да си заминат од појасот на кој веќе имаа подигнато и уредено свој живот. Израелската држава им плати  и отштета на тие Израелци за да можат да изградат нови куќи на новата локација на израелската територија.

Изгледше дека мир ( конечно) може да има во регионот и посено меѓу Палестинците и Израелците. Но, сето тоа се растури, откако Хамас ја освои власта во Газа , ги набрка од таму (и сега) палестинскиот претседател Махмуд Абас и раководството на противничкиот Ал Фатах .

Хамас ја презема контролата

Покренаа кампања за уништување на Израел – како финално решение- останувајќи на тој начин заробени на малиот простор во Газа, постојано создавајќи нови „борци за ослободување на Палестина“.

Израел во 2006 година, воведе целосна блокада на Газа , откако припадници на Хамас грабнаа еден израелски војник кој го ослободија дури пет години подоцна. Блокадата беше засилена откако милитантите исламисти го протераа Абас од Газа.

Сега има само еден излез од Газа кој не е под израелска контрола, оној во Рафах, кон Египет, за кого се знае дека се користи за шверц на луѓе и разна стока, но над се и за илегално внесување оружје и муниција во енклавата.

Од таму се копаат и подземни тунели преку кој ( Израелците се уверени) илегално внесуваат оружје на израелска територија и навлегуваат терористи за изведување терористички операции во Израел.

База за терористички напади

Но, Газа со Хамас живее уште помизерен живот од оној што го имаше- без природни ресурси, појасот има проблемми и со водата и со горивото. Се соочува со огромна невработеност, посебно меѓу младата популација  . Повеќе од две третини од населението живее од хуманитарната помош ( од парите) на арапските земји , а исто толку население живее под границата на сиромаштијата, според податоците на ОН.

За арапските политичари и за локалните посматрачи, меѓутоа, со тоа се објаснува  тероризмот кој го форсира Хамас, наоѓајќи почва во бројното младо население што ништо не работи. Израел , пак, реагирајќи на тероризмот и на нападите од Газа, на четири пати покренуваше воена одмазда против терористите на Хамас кои се сокриваат во Газа, обично во густо населениет делови од енклавата.

Уништувањето на хамасовата инфраструктура и ликвидацијата на нивните воени водачи најчесто е цел на ваквите операции. Како што тоа се прави и сега, после бруталниот напад врз југот на Израел, во саботата, во кој најмногу жртви има кај израелските цивили- околу 300 само меѓу учеснците на мировниот концерт.

(С.Г.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе