Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Насилна русифизација на Украинците

Насилна русифизација на Украинците

Со наредба од Кремљ, на окупираните територии во Украина, руските власти спроведуваат насилна русифизација на Украинците- присилувајќи ги да земат руски пасош и да прифатат  дека се  руски државјани.

Украинците кои одбиваат да го сторат тоа, или одолговлекуваат да прифатат дека  не се украински државјани , остануваат без здравствена заштита, а им се забранува и патувањето од едно место во друго. Казнена мерка која, инаку, се применуваше во времето на СССР и на тогашниот советски комунизам.

Ваквите откритија се резултат на истражувањето на новинарски екипи од неколку европски  јавни РТВ сервиси здружени во мрежа, под капата на ЕБУ , кои имаат направена серија  разговори со бегалци од окупираниот  Исток на Украина.

Така е откриено  дека Украинците од деловите на земјата кои се под руска контрола, не може да добијат ниту инсулинска терапија, неопходна за заболените од дијабетис,

Нема инсулин без руски пасош

На овој начин- со присила и ваков вид уцена- властите настојуваат да ги натераат Украинцитеда аплицираат за руски пасош, откако претходно ќе станат руски државјани. Бегалци раскажувале за случајот на еден човек од Запорожје кој прифатил да стане државјанин на Русија, затоа што му била неопходна итна лекарска  помош за лекување на тешко повреденото раме.

„Работите одат до таму што не може да се добие пензија и да се примат парите, доколку не станеш Русин, односно додека не покажеш руски пасош. Иста мерка на уцена, како и за добивање здравствена заштита“- има изјавено една украинска бегалка за мрежата на ЕБУ.

Всушност, Русите применуваат мерки за насилна асимилација на украинското население , само за да се прикаже дека на окупираните територии- “ од секогаш живеело само руско население и дека станува збор за „чисто руски“ територии, што беше и цел на руската освојувачка војна врз соседната држава.

Заточеници во сопствената земја

Бегалците раскажуваат дека не може дури ни храна да се подигне од центрите за снабдување, без да се покаже руски пасош. Освен тоа на патиштата има поставени бројни контролни пунктови  на кои се проверуваат луѓето кои патуваат, при што се бара да се покаже дека тие се руски државјани.

Доколку немаат таков документ (пасош), патниците се враќаат назад, во местото од каде тргнале.

Поради ваквите насилни мерки, не може да се оди и од едно село, во друго, па се доаѓа до апсурдни ситуации- млекото од кравите од едно село, да не може да се продаваат во соседното село- само затоа што оние кои немаат земено руски пасош не може да патуваат по други места. Мора да седат таму каде живеат како да се заточеници.

Соговорниците на мрежата организирана од ЕБУ, објаснувале дека најтешко, сепак,  е со задравствената заштита , со лековите и лекувањето. Едноставно затоа што  доколку се оди во некоја болница, за да се побара лекарска помош, прво што  се бара е да се покаже руски пасош.

„Без тоа, нема лекување и нема лекарска помош“- има изјавено една Украинка  избегана од окупираната територија.

Според моделот од Грузија

Ваквата брутална политика за насилна русифизација, всусшност, не е новина кога станува збор за Москва.

Колку за потсетување, веднаш по окупацијата на Крим, итно беа разделени 70о илјади руски пасоши,  па потоа беше организиран еден наместен референдум на кој сите се декларираа дека се Руси и дека сакаат да бидат руски државјани.

Или пред тоа, на два пати, во распарталена Грузија беше спроведена  слична операција. Прво, кога се отцепи Абхазија, а потоа и Јужна Осетија- Русите имаат масовно разделено руски пасоши. Во летото 2008 година, за време на повторената руска инвазија врз Грузија, токму тоа беше изговор за Кремљ и за Москва дека интервенираат  за да го заштитат руското население.

Многу од бегалците, особено сите оние кои имаат деца од училишна возраст ,  признале во разговорите дека морале да избегаат од свите домови и  се да остават зад себа, за да си ги – како што имаат речено- спасуваат децата- од насилата русифизација.

Затоа што оупациските власти веднаш наложиле во училиштата да се учи само на руски јазик , а целата настава да се одвива според руската наставна програма.

Одземање на децата од родителите

Луѓето откриваат дека морале да станат бегалци и затоа што само на тој начин можеле да си ги сочуваат своите деца- за да не им бидат одземени.

Руските власти имаат одредено дека за да се запишат децата за училиште и за да посетуваат настава, родителите мора да имаат руски пасош. Но, доколку едниот, или и двајцата родители одбиваат да станат руски државјани, властите можат да им го одземат детето, така што ќе им се одземе родителското право.

„Ви го одземаат сопственото дете и вие останувате без него, затоа што не сакате да прифатите дека не сте државјани на соседната земја“- изјавиле две мајки од бегалски семејства, откривајќи и тоа дека во пролета оваа година, во училиштата ( на освоените земји) се делени нови учебници во кои се оправдува и инвазијата и окупацијата.

Во исто време, младите Украинци кои  на било каков начин се противат на руската окупација ( примерот е земен од областа Запорожје), насила се земаат во руската војска и брзо се испраќаат на фронтот во Украина- за да се борат против своите Украинци.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе